Спорт
РФМ ќе субвенционира 40% од цената на билетите за мечевите на Македонија на ЕП

Ракометната федерација на Македонија објави дека ќе ги субвенционира билетите за натпреварите на нашиот женски национален тим за претстојното Европско првенство кое се одржува и во нашата земја. РФМ ќе субвенционира 40% од комплетната сума.
„Би сакале да ја информираме македонската јавност дека цените на билетите за натпреварите од претстојното Ракометно првенство за жени ЕHF EURO 2022 имаат заштитена цена, која е дефинирана и утврдена од Европската ракометна федерација (ЕХФ) за четирите града во кои ќе се одржува шампионатот: Скопје, Подгорица, Љубљана и Целје. Билетите се поделени во три категории и се продаваат преку мрежата на „Евентим“ (официјалниот партнер на ЕХФ за продажба на билети), а наш национален дистрибутер е агенцијата „МК тикетс“.
Во согласност со барањата на љубителите на ракометот за обезбедување дополнителна пониска ценовна категорија на билети, Ракометната федерација на Македонија, по добиеното одобрение од европската куќа на ракометот, ќе субвенционира 40 % од износот на билетите од категорија 2 и од категорија 3, купени во периодот од 2 до 9 ноември 2022 година преку овластените агенции „Евентим“ и „МК тикетс“.
Попустот на билетите за натпреварите на нашиот национален тим во групата Ц ќе се пресметува од денеска во 11 часот, а средствата за оваа намена ќе бидат обезбедени од спонзорите на РФМ.
Натпреварите против селекциите на Франција, Холандија и на Романија нашите ракометни сениорки ќе ги одиграат во Арената „Борис Трајковски“ на 5, 7 и на 9 ноември со почеток во 18 часот.
Ракометарките се подготвени, а националната арена е целосно опремена според стандардите на ЕХФ за да ги прими љубителите на ракометот од целиот континент. Капацитетот на салата, во согласност со стандардите за ова првенство, е максимум 5000 седишта, а досега се продадени околу 2000 билети.
Им благодариме на сите љубители на ракометот и на целата македонска јавност за досегашната поддршка. Навиваме од срце! За кого? За Македонија!!!“ – се вели во соопштението на РФМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Драма до последен миг: Пелистер славеше над Вардар со 32-30

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со триумф на Пелистер, кој славеше со 32-30 против Вардар во неизвесен и драматичен натпревар. Битолчани ја освоија својата деветта титула и трета по ред, предводени од Кузмановски со седум гола, додека Борозан од Вардар реализираше осум, но промаши клучен пенал во финишот.
Вардар имаше водство со пет гола разлика во првиот дел. Сепак, Пелистер се врати во игра и на полувреме резултатот беше 17-15 за Вардар. Во второто полувреме, двете екипи разменуваа голови, а драмата кулминираше во последните минути, кога Вардар имаше шанса за израмнување, но промаши пенал. Пелистер ја искористи грешката и го потврди триумфот.
Спорт
Гоф ја „сврти“ Сабаленка за титулата на Ролан Гарос

Американската тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос, победувајќи ја Арина Сабаленкa во финалето.
Гоф ја освои втората Гренд слем титула во кариерата по пресврт – 6:7 (5), 6:2, 6:4.
Таа го имаше своето деби на Отвореното првенство на САД во 2023 година, кога го доби финалето над Белорусинката. Тој сега има скор од 6 победи и 5 порази.
Гоф играше и во финалето на Ролан Гарос во 2022 година, но тогаш немаше шанси против Ига Швионтек, четирикратната шампионка.
Спорт
Марк Маркез ја освои пол позицијата во Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Арагон, осмата рунда од овогодинешното првенство на Мото ГП.
Осумкратниот светски шампион ја постигна својата седма победа во спринтот оваа сезона на патеката Арагон, а се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум откако беше престигнат од неговиот помлад брат Алекс пред две недели во Силверстоун.
Алекс беше главниот конкурент на постариот Маркез во Арагон, но нивната борба не траеше долго и возачот на Гресини мораше да се задоволи со второто место, околу две секунди зад својот брат. На третото скалило на подиумот беше Фермин Алдегер, соиграч на помладиот Маркез, кој беше околу две секунди понапред.
Акцијата на патеката „Моторленд“ продолжува во недела од 11 часот, а трката во кралската класа е на програмата од 14 часот.