Спорт
Нови детали за монструмот што ја претепа ќерката – бил избркан од академијата на Типсаревиќ бидејќи претепал тренер
Страшната снимка од соседството, на која татко ја тепа својата 14-годишна ќерка, ја шокира јавноста, а во меѓувреме против него е поведена истрага.
Кинески државјанин, кој привремено живее во Србија, на тренинг ја претепал својата 14-годишна ќерка. На видеото кое со денови кружи на интернет може да се види како ја удира со шлаканици и клоци. Таткото не бил задоволен од она што го прикажува ќерка му на тренинзите.
Утврдено е дека насилникот е склон кон инциденти, а еден таков предизвикал и во тениската академија на познатиот српски тенисер Јанко Типсаревиќ. Тоа се случило пред речиси два месеца, а според информациите што пристигнуваат од Србија, таткото на кинеското девојче нападнал и удрил еден од тренерите.
Откако физички се пресметал со тренерот, бил избркан од академијата поради што морал да бара нов клуб.
На еден од терените во новиот клуб се случи последниот инцидент. Случајот бил пријавен во полиција, а насилникот набргу бил пронајден и приведен во спортскиот центар „Бањица“.
Još jedno brutalno nasilje oca nad ćerkom. Dobio sam informaciju da je u pitanju porodica koja dolazi iz Kine. Podnećemo krivičnu prijavu i protiv ovog monstruma. pic.twitter.com/CrU7g0JcwU
— Igor Jurić (@lojzija) October 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

