Македонија
(Видео) Спировска: СДСМ го осудува нападот врз советникот од Општина Карпош, да се истражи поврзаноста со ВМРО-ДПМНЕ
Советничката група на СДСМ во Општина Карпош го осудува физичкиот напад врз советникот Александар Илиески, истакнува Наталија Спировска, советничка во Советот на Општина Карпош.
Според неа, физички напад врз кој било граѓанин е недозволиво во европска и демократска држава каква што е нашата.
„Советниците во општините се претставници на граѓаните и нападот кон нив е напад врз локалната самоуправа и врз демократијата. Во одредени медиуми се појавија информации дека нападот директно е поврзан со начинот на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ поради критиките на советникот кон оваа партија. Дали е за рацете во медот или нешто друго? Тоа мора да се истражи и да се открие одговорност“, додава Спировска.
Факт е, како што вели, дека ова многу личи на ВМР0-ДПМНЕ.
„Апелираме надлежните институции да постапат по овој случај, виновниците за нападот да се откријат и да се казнат за вакви инциденти веќе да не се повторуваат. Насилството не е и никогаш не може да биде решение за какво било недоразбирање“, посочува советничката од редовите на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне појава на слаба магла, во текот на денот сончево и тивко
Во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.

