Свет
Зеленски му се заблагодари на Ердоган
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека му се заблагодарил на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за неговата улога во зачувувањето на договорот за храна.
„ Му се заблагодарив на турскиот претседател Таип Ердоган за неговото активно учество во зачувувањето на договорот за храна, цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Зеленски на Твитер.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави претходно дека Анкара ќе продолжи да се придржува до условите од договорот за храна, и покрај руското колебање.
На 29 октомври Русија објави дека го суспендирала учеството во „договорот за храна“ на ОН, кој обезбедува извоз на производи од украинските пристаништа, поради терористички напади на украински беспилотни летала на бродови на Црноморската флота во водите во близина на Севастопол.
Покрај тоа, Русија побара да се организира седница на Советот за безбедност на ОН на 31 октомври.
Договорот за храна беше потпишан на 22 јули, а пакетот од овие документи предвидува укинување на ограничувањата за извоз на руски земјоделски производи и ѓубрива на светските пазари, а исто така го одредува алгоритмот за безбедно излегување на комерцијалните бродови од пристаништата на Црното Море под контрола на Украина по специјално отворените хуманитарни поморски коридори со руските тајни служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дронови во воздушниот простор на Романија во екот на рускиот напад, подигнати борбени авиони
За време на масивниот руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во вторник наутро, наводно беспилотно летало влегло во воздушниот простор на членката на НАТО, Романија, соопштија украинските воздухопловни сили. Романското Министерство за одбрана потврди дека регистрирало два упади на беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор во текот на утрото, објавува „The Kyiv Independent“.
Романското Министерство за национална одбрана објави дека околу 6:30 часот по локално време, два германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ биле испратени да ги пресретнат беспилотните летала во округот Тулча. Еден час подоцна, два американски борбени авиони Ф-16 полетале во друга погранична област, во округот Галаци.
Министерството додаде дека Ф-16 воспоставиле радарски контакт со дронот околу 7:50 часот наутро. За среќа, немало извештаи за повредени или материјална штета во Романија. Романските власти сè уште официјално не потврдиле дали беспилотните летала биле руски.
Ова не е прв пат беспилотни летала да го нарушат воздушниот простор на НАТО. Најновиот инцидент се случува во време на зголемени тензии, при што земјите во близина на Украина, вклучувајќи ги Полска, балтичките држави и Романија, ги засилуваат безбедносните мерки од страв од прелевање на конфликтот. Честите руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав, веднаш надвор од Романија, го држат Букурешт во состојба на висока готовност.
Сличен инцидент се случи во септември, кога руски дрон, исто така, влезе во романскиот воздушен простор, но не беше соборен и на крајот се врати во Украина, потврди тогаш министерот за одбрана Јонут Мостеану. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека дронот навлегол околу 10 километри во романска територија и останал во воздушниот простор на НАТО речиси 50 минути.
фото: принтскрин
Свет
Фотоапаратот на папата Франциск продаден за 6,5 милиони евра
Фотоапаратот што му припаѓаше на папата Франциск беше продаден на аукција во Виена за 6,5 милиони евра, по напната и долготрајна конкуренција меѓу купувачите.
Станува збор за редок фотоапарат Leica M-A, кој значително ја надмина очекуваната цена, како што истакна портпаролот на 47-то издание на Leitz Photographica.
Во согласност со претходните желби на папата Франциск, кој почина во април оваа година, целиот собран износ ќе биде искористен за хуманитарни проекти, додека аукциската куќа се откажа од својата провизија.
Компанијата Leica Camera AG му го подари фотоапаратот на папата Франциск во 2024 година, означувајќи ги неговите објективи со серискиот број 5000000.
„Традицијата на Leica отсекогаш била да резервира вакви препознатливи сериски броеви за специјални фотоапарати, кои често им се даваат на познати личности“, рече Александар Седлак, директор на аукцијата Leica Camera Classics и Leitz Photographica.
Името на купувачот е непознато, а аукцијата траела речиси десет минути.
Европа
Зеленски бара притисок врз Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Киев во текот на ноќта предизвикале „огромна штета“, додека посебен напад предизвикал „уништување“ во јужното пристаниште Одеса.
Според него, Русија испалила 22 ракети и повеќе од 460 дронови во текот на ноќта. Четири дронови влегле во воздушниот простор на Молдавија и Романија.
„Затоа сите партнери мора да запомнат дека животите мора да се спасуваат секој ден“, рече Зеленски.
„Не смее да има стагнација во помошта. Најважно е сите партнери да се движат кон дипломатија преку заеднички напори. Притисокот врз Русија мора да донесе резултати.“

