Спорт
Милан се враќа во нокаут фазата на ЛШ првпат по осум години, Бенфика му го „украде“ првото место на ПСЖ

Милан е последниот, 16-ти клуб кој обезбедува место во нокаут фазата на Лигата на шампионите по рутинската 4:0 победа над австрискиот Ред бул Салцбург за да го освои второто место во групата Е, зад Челси, кои се одмаздија на Динамо Загреб со 2:1 победа и со елиминација на хрватскиот клуб од Европа оваа сезона.
Единствена друга неизвесност беше првото место во групата Х, каде што Пари Сен-Жермен не го осигура носителското место и покрај 2:1 победа на гости кај Јувентус, бидејќи Бенфика успеа да стигне до висока 6:1 победа кај Макаби Хаифа.
Човек на одлука за „росонерите“ беше 36-годишниот Оливие Жиру, кој постигна два гола и имаше две асистении за несомнено да биде човекот на мечот на „Сан Сиро“. Тој уште во 10. минута им донесе водство на домаќините, што значеше речиси сигурен пласман, бидејќи Милан само требаше да остане непоразен на мечот. Во 46. минута, тој му асистираше на Раде Круниќ за 2:0, за само шест минути подоцна да забие за 3:0. Во самиот финиш на мечот, Французинот забележа уште една асистенција, овојпат до Жуниор Месијас за конечни 4:0.
Во Торино пак, ПСЖ поведе со фантастичниот гол на Килијан Мбапе во 13. минута од играта, но „бјанконерите“ израмнија во 39. минута со голот на капитенот Лео Бонучи. Мбапе му асистираше на Нуно Мендеш во 69. минута, за да ги остави ПСЖ на врвот до моментот кога Бенфика демонстрираше сила со шестиот гол за 6:1 победа во Израел над Макаби Хаифа.
Првите места во своите групи со победи ги потврдија Челси и Манчестер сити – Челси и покрај раното водство на Динамо Загреб преку Бруно Петковиќ, извлече 2:1 победа со головите на Рахим Стерлинг и Денис Закарија, додека за Сити стрелаа Луис, Алварез и Марез за 3:1 победа над Севилја.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО
ГРУПА Е
Милан – Ред бул Салцбург 4:0
Челси – Динамо Загреб 2:1
ГРУПА Г
Копенхаген – Борусија Дортмунд 1:1
Манчестер сити – Севилја 3:1
ГРУПА Х
Јувентус – Пари Сен-Жермен 1:2
Макаби Хаифа – Бенфика 1:6
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1466-41897”));
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1466-41897”));
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1469-41897”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER
Спорт
(Видео) Челси преку Палмеирас до полуфиналето на клупскиот Мундијал

Foto/ EPA
Фудбалерите на Челзи го победија Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0).
Благодарение на победата во Филаделфија „сините“ се пласираа во полуфиналето, каде што ги чека уште еден тим од Бразил, Флуминенсе.
Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао.
Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот почеток.
Настапот на Португалецот беше неизвесен, откако Челзи му даде одврзани раце да избере дали да игра по смртта на неговиот голем пријател – фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.