Спорт
Јунајтед и Тотенхем го одбија специјалното барање на Аргентинците
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/E2F2EE2.jpg)
Две недели нè делат до почетокот на Светското првенство во Катар. Репрезентацијата на Аргентина првиот натпревар го игра на 22 ноември. „Гаучосите“ на мундијалот се во група со Полска, Саудиска Арабија и Мексико.
Во пресрет на Светското првенство, Аргентинската федерација испрати посебно барање до сите клубови во кои настапуваат нивните играчи.
Барањето е нивните играчи да го прескокнат последното коло пред паузата за Светското првенство за да се подготват што е можно подобро за турнирот.
Според „Дејли мејл“, Тотенхем и Манчестер јунајтед го одбиле тоа барање, а сè уште не е познато како одговориле другите англиски клубови.
На поширокиот список за Катар од Премиер лигата се наоѓаат Лисандро Мартинез и Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед, Емилијано Мартинез и Емилијано Буендија од Астон Вила, Кристијан Ромеро од Тотенхем и Алексис Мекалистер од Брајтон.
За потсетување, поинаква е ситуацијата со најдобриот Аргентинец. ПСЖ, до паузата поради СП, ќе игра против Лориен и Оксер, но како што пренесуваат повеќе медиумски извори, Меси побарал од тренерот Кристоф Галтие да го остави надвор од тимот по мечот со Јувентус.
Кога минатото лето како слободен играч од Барселона се пресели во ПСЖ, Меси побара во неговиот двегодишен договор да биде вклучена клаузула според која секогаш приоритет ќе има аргентинската репрезентација.
Првиот натпревар на Светското првенство „гаучосите“ ќе го одиграат против Саудиска Арабија на 22 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Пикси: Не бевме вреќа за удирање
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12326792.jpg)
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Дрган Стојковиќ Пикси, во првата изјава рече дека елиминацијата од ЕП не е неуспех.
„Жал ми е што не го направивме тој чекор понатаму. Исклучително сум горд на момците. Се бореа, дадоа се од себе, но така е во фудбалот“, започна Пикси и потоа го коментираше мечот со Данска.
„Тежок натпревар, 50-50 во сите параметри. Направивме се за да одием понатаму. Не се резилевме, никој не не победи со 5:0 па ни се смеат и да не навредуваат. Не заслуживме да загубиме од Англичаните. Другите два натпревари беа тешки, тактички и резултатски. Знаев дека вечерва нема да имаме шанси, кави што имавме против Словенија. Вечерва не постигнавме гол. Одиме понатаму со кренати глави. Момците ги заслужуваат сите честитки за нивниот напор’, рече Пикси со напомена дека еден гол решил кој ќе оди во нокаут фазата.
Спорт
Српските фудбалери со концерт од свирежи испратени од стадионот во Минхен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12327019.jpg)
Фудбалската репрезентација на Србија го заврши настапот на Европското првенство. Во конкуренција на Англија, Данска и Словенија, Србите освоија два бода и завршија на последното место во групата.
Во последното коло, на Србите им требаш победа над Данска, но не успеаја. На крајот од натпреварот со концерт од свирежи беа испратени од околу 30.000 свои навивачи на стадионот во Минхен.
Репрезентативците на Србија по завршувањето на натпреварот сакаа да им се заблагодарат на повеќе од 30.000 српски навивачи кои ги бодреа, но добија свирежи, навреди, а во еден момент навивачите фрлаа пластични чаши кон нив.
Спорт
Ц групата го изедначи негативниот рекорд на ЕП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12326963.jpg)
На шест натпревари во групата Ц, во која партиципираа Србија, Англија, Словенија и Данска, беа постигнати само седум гола, што на ЕП се случило само уште еднаш од воведувањето на групната фаза (1980).
Во првото коло Англија ја победи Србија (1:0), а Данска и Словенија ремизираа (1:1). Во второто Словенија и Србија, односно Данска и Англија одиграа 1:1. Последното трето коло во оваа група донсе два натпревари (Србија-Данска и Словенија-Англија) без голови.
Претходно, во 2016 година беа постигнати седум гола. Интересно и тогаш во прашање беше Ц групата. На ЕУРо 2016 во Франција во групата играа Германија, Полска, Северна Ирска и Украина.