Македонија
СДСМ: Трипуновски со фалсификати ја манипулира јавноста
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со дезинформации и невистини во врска со наводно склучени договори на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за закуп на земјиште. Наместо опозицијата да се занимава со блокирање на помошта за земјоделците, треба детаљно да ги провери изворот и владиноста на она што го презентира како наводна афера“, реагираат од владејачкиот СДСМ на денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека „договорите со кои мавта Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ очигледно се фалсификат“.
„Не се изготвени од страна на надлежниот сектор, не се во согласност со пропишаните критериуми за подготовка на договори за закуп на земјоделско земјиште и тие се со архивски броеви кои се фиктивни и не постојат во архивата на Министерството, а кај нив е евидентно дека не се потпишани лично од страна на министерот ниту, пак, е употребен факсимил за нивно потпишување. Уште во октомври 2021 година поднесена е кривична пријава до ОЈО Скопје против непознат сторител и одговорни лица во МЗШВ за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето – фалсификување службена исправа“, велат од партијата.
Од СДСМ посочуваат дека „службите на Министерството будно ги следат сите неправилности во врска со појавувањето лажни договори за закуп и навремено се известуваат надлежните органи заради понатамошно истражување и поведување соодветни постапки“.
Бараат „ВМРО-ДПМНЕ јавно да се извини за изнесените лаги и невистини до министерот Љупчо Николовски, до земјоделците и до целата јавност“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Град Скопје: Неплатените даночни обврски надминуваат 36 милиони евра, граѓаните повикани да ги подмират долговите
Град Скопје соопшти дека неплатените обврски по основ на данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина за периодот од 2020 до 2025 година надминуваат 36 милиони евра, според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси.
Даноците на имот и комуналните такси се значајни приходи за функционирањето на Градот, со кои се финансираат основни градски услуги, инфраструктурни проекти, трошоци на јавните претпријатија и јавните установи, како и работата на средните училишта.
Од Град Скопје ги повикуваат сите даночни и таксени обврзници – правни и физички лица – што немаат платено данок на имот, промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина, своите обврски да ги подмират во најкраток можен рок.
Граѓаните и компаниите можат да извршат увид во своите долгови, да ги преземат решенијата и електронски да ги платат обврските преку платформата: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml
Градот објави и контакт информации за повеќе категории даноци:
Данок на имот: 072/204-434, 02/3207-546, e-mail: [email protected]
; [email protected]
Данок на промет, наследство и подарок: 02/3297-298, 02/3297-296, e-mail: [email protected]
Комунална такса-фирмарина: 02/3297-314, e-mail: [email protected]
Даночно сметководство: 02/3297-298, 02/3297-296, e-mail: [email protected]
Даночниот долг може да го платите и преку Даночните шалтери на Град Скопје, секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13 декември.
Македонија
Сиљановска-Давкова ќе го одликува американскиот генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска – 9 декември 2025 година, вторник, ќе го прими американскиот командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и на свечена церемонија ќе го одликува со Орден за воени заслуги.
Генерал-мајор Најт се одликува со Орден за воени заслуги за неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка што резултираше со бројни активности за зајакнување на капацитетите и за зголемување на борбената готовност на македонската армија.
Македонија
Земјотрес почувствуван во регионот на Кичево
Земјотрес со магнитуда од два степени според Рихтеровата скала бил регистриран ноќта во 01:23 часот во Македонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според податоците,земјотресот бил регистриран на 15 километри југoјугозападно од Кичево, 73 километри североисточно од Елбасан, Албанија.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 15 километри.

