Македонија
(Видео) Трипуновски: Николовски дал 73 илјади квадратни метри градежно земјиште во Скопје како земјоделско
„Имаме сериозни индиции дека Љупчо Николовски ја злоупотребил својата позиција и како министер за земјоделство шумарство и водостопанство на нелегален начин давал под закуп огромни земјишни парцели претставени како земјоделско земјиште, а всушност се работи за градежно земјиште во Скопје, денес ќе го објавиме вториот договор, кој се темели на истиот шаблон што го презентиравме вчера“, рече Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Трипуновски презентира „договор што министерството, застапувано од Љупчо Николовски како министер го склучило со извесен Орхам Чоловиќ, договорот е со датум од 4 јули 2022 година, со архивски број 39-771014/1. Предмет на договорот е закуп на земјоделско земјиште во вкупна површина од 73.031 квадратен метар во општина Бутел за подигање долготраен лешников насад за период од 70 години“.
„Фактичката состојба е дека не станува збор за земјоделско земјиште, туку за градежно неизградено земјиште на територијата на општина Бутел, во површина од над 73 илјади квадратни метри. Со овој договор Николовски му овозможува на закупецот да присвои над фантастични 73 илјади квадратни метри градежно земјиште во Бутел по цена од 5.745 денари годишна закупнина. За нештата да бидат појасни и за тоа за каква измама станува збор, се гледа од фактот што квадратен метар градежно земјиште во тој реон се продава од 150 евра па нагоре, односно за таа парцела би се потрошиле околу 11 милиони евра“, рече тој.
„Николовски дава парцела од над 73 илјади квадратни метри по годишна закупнина од 5.745, која всушност по реална цена чини околу 11 милиони евра“м појасни Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трет состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ
Денеска, во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа третиот состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој присуствуваа и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.
На состанокот беа разгледани кандидатурите за избор на генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) и предлог-текстот на Заедничката декларација во пресрет на министерскиот состанок, што ќе се одржи во рамките на нашето претседавање со ПСЈИЕ.
Северна Македонија со ПСЈИЕ претседава во периодот јули 2023 – јуни 2024 година со мотото „Премостување поделби, градење доверба“.
Македонија
„Премиерот од Форино, ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи“, велат од Град Скопје
На денешната прес-конференција во Владат6а, в.д. премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури само за него познати лажејќи дека сопственост и надлежност на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ било да се грижат за зеленилото во Владата, реагираат од Град Скопје.
„Талат Џафери, ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од в.д. премиерот од Форино, кој кога излегува од дома до Владата ги гаси попатно сите семафори и прави хаос во градот, не е ни очекувано дека би требало да знае која е неговата обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува.
ЈП „Паркови и зеленило“ ги одржува градските булевари и парковни површини, кои се надлежност на претпријатието во согласност со законот, а ако сака в.д. премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Владата, за тоа треба да си склучи договор, исто како и секоја друга институција во Македонија“, се наведува во реакцијата на Град Скопје.
Техничкиот премиер Талат Џафери, по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од Владата што ја предводи, даде објаснување за порасната трева околу Владата за што имаше многу реакции од граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за тревата, Џафери објасни дека тоа е обврска на Град Скопје, па од таму и изборниот резултат на партијата што ја предводи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Скопје
Посебен режим на сообраќај в недела во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 12.5.2024 (недела) од 8.30 до 10.30 часот, поради одржување улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај, и тоа на сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на булеварот Илинден – локација Фонтана, ќе се движат по булеварот Илинден до крстосницата со улицата Никола Парапунов, потоа до крстосницата со булеварот Партизански одреди, десно (кон населбата Ѓорче Петров) до мостот „Влајко“, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со улицата Љубљанска, каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на улицата Никола Парапунов и по булеварот Илинден до целта на локација Фонтана на булеварот Илинден.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.