Спорт
Пујол и Рамос му дадоа поддршка на Пике: Не можат да ти ја одземат среќата
Неочекуваното пензионирање на Жерар Пике се уште е ударна вест во шпанските медиуми. Неговите долгогодишни партнери во одбраната Серхио Рамос и Карлес Пујол не останаа имуни на шокантната вест.
По речиси 800 одиграни натпревари и 15 сезони на врвно ниво, Пике се простува од фудбалот неколку месеци пред да го прослави својот 36. роденден.
Она што многумина ги изненади е неговиот потег да се збогува среде сезона. Натпреварот против Алмерија ќе биде последен меч во неговата кариера, а тој ќе се збогува од својата публика на „Камп Ноу“ онака како што сонувал.
„Марка“ ги наведе причините за оваа шокантна одлука. Се наведува дека имало спортска, но и неспортска причина. Формата му падна целосно, Чави му даде епизодна улога и беше последен избор на позицијата стопер.
Поради прекинот со Шакира надвор од теренот, Пике има компликувана животна ситуација во моментот. Сепак, најмногу го погоди тоа што Барселона сакаше тој да си замине од клубот и не можеше да го поднесе тој притисок.
Пике воопшто не се чувствувал заштитен по оркестрираната кампања против него, особено по натпреварот против Интер во Лигата на шампионите. Дури и некои членови на раководството му приговарале дека платата е товар за клубот и дека ситуацијата ќе се нормализира со неговото заминување.
На крајот се одлучи на потег кој многу го очекуваа, се збогуваше и со Барселона и со фудбалот затоа што повеќе не сакаше да живее во нервоза.
Некои информации велат дека Барселона со заминувањето на Пике ќе може да заштеди дури 50 милиони евра, што секако ќе биде големо олеснување за буџетот.
„Ти благодарам за се Гери. Во шок сум. Не беа фер кон тебе, само неколку го бранеа дресот на Барселона како тебе. Беше привилегија да играм со тебе, те сакам”, објави Пујол.
Се огласи и Рамос со кого Пике имаше многу недоразбирања во минатото, но се покажа дека имаат многу фер однос.
„Гери, ќе ти кажам на андалузиски: Не можат да ти ја одземат среќата. Уживај во животот“, гласеше пораката на дефанзивецот на ПСЖ.
Пике во неколку наврати во минатото изјави дека еден ден ќе биде претседател на Барселона, па за неколку години е за очекување да се врати на „Камп Ноу“, но во сосема поинаква улога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пакета побарал Вест Хем да ја прифати понудата од Фламенго
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.
Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.
Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.
Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.
Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.
Спорт
Галагер се враќа во Премиер лигата?
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима
Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.
Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.
Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.
Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister

