Спорт
Кајри се извини на еврејската заедница откако беше суспендиран од Нетс
Кајри Ирвинг преку социјалните мрежи се извини на еврејската задница, откако Бруклин нетс го суспендираа на барем пет натпревари откако тој одби да каже дека не е антисемитистички настроен. Во официјалното соопштение, тимот посочи дека Ирвинг во моментот не е „достоен да биде поврзан со Бруклин нетс“.
„Крајно разочарани сме што кога денеска во медиумска сесија му беше дадена шанса јасно да каже дека нема антисемитистички верувања, тој не го направи тоа. Таков пропуст за отфрлање на антисемитизмот е крајно вознемирувачки и во спротивност со вредностите на нашиот тим“, се вели во објавата на Нетс.
Проблемот настана откако Ирвинг, кој минатата сезона имаше ограничено време на паркетот поради тоа што одби да се вакцинира за КОВИД, преку социјалните мрежи постави линк на кој имаше антисемитистичко видео. Тој, сега, се јави преку Инстаграм
„До сите еврејски семејства и заедници кои беа повредени или навредени од мојот пост, се извинувам што ви предизвикав болка. Првично реагирав од емоции што бев неправедно наречен антисемитист, наместо да се фокусирам на процесот на помирување со моите еврејски браќа и сестри. Сакам да разјаснам на тоа каде стојам во борбата против антисемитизмот. Немав намера да покажам непочитување кон еврејското културно наследство и холокаустот, ниту да предизвикам омраза“, вели Ирвинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јасикевичиус го сака Димитријевиќ во Фенербахче
Актуелниот МВП во ВТБ лигата, македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, од наредната сезона веројатно ќе игра во Евролигата.
Кошаркарот на Уникс, со просек од 19 поени по меч, 6,6 асистенции, 3,3 скока и 1,3 украдени топки го обележа регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата.
Според информациите на турските медиуми, Димитријевиќ е на мета Фенербахче. Тренерот Шарунас Јасикевичиус изразил желба да го види Димитријевиќ во својот тим. .
Фенербахче ќе направи реконструкција на плејмејкерската позиција, извесно е дека тимот ќе го напуштат Гркот Ник Калатес и Израелецот Јам Мадар.
Спорт
МЗТ загуби од Спартак Суботица
Фото/ Петр Стојановски/ АБА2
Кошаркарите на МЗТ го загубија првиот полуфинален натпревар во АБА 2 лигата. Вечерва во Скопје, МЗТ доживеа пораз од Спартак 73:78 (15:23, 16:12, 24:17, 18:26).
Лошата игра во првиот дел во кој му дозволија на гостинот апсолутна доминација во скокот го однесе МЗТ во пораз. Спартак, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, преку скокот ја контролираше играта. Одличната секвенца на Војдан Стојановски во финишот на полувремето го доближи МЗТ на само четири поени негатива.
Американецот Гилион одлично го започна вториот дел, со седум поени во низа го врати МЗТ во водство. Се одлепи МЗТ на пет поени (55:50) во финишот на третиот период и тука застана.
Спартак предводен од Гордиќ стекна предност од 10 поени, предност која МЗТ успеа да ја преполови.
Војдан Стојановски со 20 поени, по три скока и асистенции и шест украдени топки го предводеше МЗТ. Двоцифрени беа и Делалиќ со 13, Танасковиќ со 12 и Гилион со 11 поени. Кај Спартак се истакна Гордиќ со 16 поени и шест асистенции.
Реваншот се игра за една недела во Суботица.
Спорт
Катастрофа за Милвоки се повреди и Лилард
Кошаркарот на Милвоки, Демијан Лилард заработил повреда на Ахиловата тетива, објавија сите НБА инсајдери.
Лилард играл последните недели и покрај проблемите со Ахиловата тетива, и ја влоши состојбата во последниот дел од третиот натпревар од првото коло од плеј-офот против Индијана.
Плејмејкерот на Милвоки мора да носи ортопедска чизма и под знак прашалник е за четвртиот меч (понеделник, 01.00 часот) во серијата во која Пејсерси водат со 2:1.
Бакс веќе играат без Јанис Адетокумбо, кој ќе ја пропушти првата рунда, а неговата сезона многу лесно може да заврши доколку Милвоки биде елиминиран.
Во првите три натпревари во плејофот, Лилард имаше просек од 32,3 поени и 5,7 асистенции по натпревар.