Спорт
Сон успешно опериран: Рано е да се зборува за СП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/8215000.jpg)
Фудбалерот на Тотенхем, Хјон мин Сон, успешно беше опериран поради фрактура на коската под левото око. Најдобриот јужнокорејски фудбалер се повреди против Марсеј, во Лигата на шампионите.
Претставник на Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја рече дека сè уште е рано да се донесе одлука дали ќе игра на Светското првенство во Катар.
„Тотенхем не информираше дека Сон е успешно опериран. Сепак, во овој момент се уште е рано да се разговара за неговиот статус за Светското првенство. Медицинскиот персонал на националниот тим е во контакт со лекарите на клубот”, изјави претставник на Сојузот.
Досега, Сон има постигнато 35 гола на 104 настапи за Јужна Кореја.
Јужна Кореја го отвора Светското првенство на 24. ноември со мечот против Уругвај, а во групата Х се и Португалија и Гана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
У21-селекцијата доби тешка група во квалификациите за ЕП во 2027
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/20241016100612.jpg)
Фото/ ffm.mk
Во Нион се одржа ждрепката за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година, чии домаќини во 2027 година ќе бидат Албанија и Србија.
Македонските надежи добија тешка група, ждрепката ги смести во Е групата, а противници ќе им бидат: Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.
Група А: Шпанија, Романија, Финска, Косово, Кипар, Сан Марино
Група Б: Португалија, Чешка, Бугарија, Шкотска, Азербејџан, Гибралтар
Група Ц: Франција, Швајцарија, Исланд, Фарски Острови, Луксембург, Естонија
Група Д: Англија, Ирска, Словачка, Молдавија, Казахстан, Андора
Група Е: Италија, Полска, Шведска, Македонија, Црна Гора, Ерменија
Група Ф: Германија, Грузија, Грција, Северна Ирска, Латвија, Малта
Група Г: Холандија, Норвешка, Словенија, Израел, Босна и Херцеговин
Група Х: Украина, Хрватска, Унгарија, Турција, Литванија
Група И: Данска, Белгија, Австрија, Велс, Белорусија
На завршниот турнир ќе се натпреваруваат 16 репрезентации. Покрај домаќините Албанија и Србија, директен пласман ќе обезбедат девет победници во групите и најдобрата второпласирана селекција.
Останатите второпласирани екипи ќе играат плеј-оф за преостанатите четири места.
Спорт
Бојан Димоски в петок ќе потпише за Партизан
Фото/ Antonio Balasco / imago sportfotodienst / Profimedia
Фудбалскиот клуб Партизан за петок закажа лекарски прегледи з македонскиот репрезентативец Бојан Димоски. Доколку се биде во ред, Димоски ќе потпише договор до крајот на сезоната.
Димоски најпрвин ќе биде позајмен од руски Акрон, а доколу во Белград бидат задоволни од него тогаш Партизан за 200.000 евра ќе може да го откупи договорот на 23-годишноот фудбалер. .
Бојан Димоски е поранешен член на Вардар и Академија Пандев, а од летото 2023 година е фудбалер на Акрон. Тој беше стабдарден во тимот на Тољати во текот на својата прва сезона, која заврши со промоција во руската Премиер лига.
Оваа сезона, неговата минутажа беше драстично намалена, па тој самиот бараше излез. Меѓу другото, да биде во фокусот на македонскиот селектор Благоје Милевски пред почетокот на квалификациите за СП 2026 година.
Спорт
Нејмар (повторно) дебитира за Сантос
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/download.jpg)
По речиси 12 години Нејмар повторно го облече омилениот бел дрес. Тој повторно дебитираше за Сантос во ремито 1-1 против Ботафого.
Навивачите го дочекаа тој ден. Иконската Урбано Калдера беше исполнета за да го пречека својот принц, кој замина во 2013 година во Барселона. Пред повеќе од 16.000 души, Нејмар повторно истрча на теренот во бел дрес Еден од најдобрите фудбалери на Сантос на сите времиња влезе во игра на стартот од вториот дел. Тој влезе во игра со 1:0 за Сантос, по голот од пенал на Тигуињо Соареш во 38. минута.
На крајот беше 1:1. Израмнувачкиот гол го донесе Александре Жесус во 67. минута. Само четири минути подоцна, Ботафого остана со еден човек надолу откако Валисон доби црвен картон. На крајот, резултатот остана 1:1, а впечаток е дека Нејмар на своето деби за Сантос даде солиден настап.
Neymar (Santos) vs Botafogo SP. El regreso del príncipe. pic.twitter.com/6QtatRFWi3
— Santice (@Santice_) February 6, 2025