Спорт
Клоп подготвува зимска чистка

Ливерпул ќе биде активен во зимскиот преоден рок. Јирген Клоп бара засилувања од клупските челници и во исто време составил трансфер-листа. „Црвените“ се неубедливи во Премиер лигата, освоија на 12 натпревари освоија 16 поени, што во овој момент е доволно за осмото место на табелата.
„Мирор“, пишува дека има одредени играчи кои Клоп повеќе не ги смета сериозно и на челниците на клубот им рекол дека нема ништо против да ги продаде веќе во јануари следната година.
Наводно на список веќе има тројца фудбалери, но тој список не е конечен бидејќи не е исклучено до почетокот на јануарскиот преоден рок на него да се најде и некој друг.
Според овој извор на листата се Наби Кеита, Алекс Окслејд-Чембрлен и Натаниел Филипс. Клоп на овие играчи им соопштил дека нивниот статус во тимот нема сериозно да се промени и дека нема ништо против нивното заминување.
Кеита и Окслејд-Чембрлен се на списокот на играчи чии договори истекуваат летово и Ливерпул сака да ја избегне опцијата тие да заминат бесплатно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Пешиќ треба да поднесе оставка, ако има морал“

Мирослав Николиќ, долгогодишниот асистент на Александар Ѓорѓевиќ во кошаркарската репрезентација на Србија, смета дека последиците од неуспехот на националниот тим на Евробаскетот треба да ги сноси исклучиво селекторот Светислав Пешиќ.
Трофејниоттренер е шокиран од дебаклот на Србија на Европското првенство, и нема сомнеж кој е одговорен за раната елиминација на еден од најголемите фаворити.
„Ова се глупости, многу сум нервозен. Целата нација е разочарана. Селекторот Пешиќ треба да ја преземе одговорноста и да поднесе оставка, иако неговиот договор истекува на крајот од месецот. Дали има некаков морал? До кога селекторите ќе добиваат големи пари за неколку месеци работа годишно, а играчите ќе играат бесплатно? А потоа ако играчот не одговори на повико, тој не е патриот. Мајсторе, па како?“, рече Николиќ во интервју за „Данас“.
„Од професорот Александар Николиќ научив дека кога ќе победиш, победиле играчите. Кога ќе се загуби натпревар, го загубил тренерот. Тоа е поентата. Ќе видиме за година или две каде ќе оди нашата кошарка. Ќе видиме дали овие играчи повторно ќе се вратат во репрезентацијата, првенствено мислам на Јокиќ и Богдановиќ“.
Николиќ како асистент на Ѓорѓевиќ со Србија освои сребрени медали на светско и европски првенство, односно на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Болт: Моите рекорди еден ден ќе паднат, но не сум загрижен

Поминаа 16 години откако Јусеин Болт постави светски рекорди на 100 и 200 метри, а легендарниот спринтер верува дека тие резултати нема да бидат загрозени долго време.
„Не сум загрижен“, рече Болт на настан на „Пума“, два дена пред почетокот на Светското првенство.
Болт ги постави рекордите (9,58 секунди на 100 и 19,19 секунди на 200 метри) во 2009 година во Берлин.
Оттогаш, само Јохан Блејк успеа да трча под 9,7 секунди на 100 метри и побрзо од 19,3 секунди на 200 метри.
Американецот Ноа Лајлс беше единствениот кој отворено објави дека сака да ги сруши рекордите на Болт.
Тој ги освои двата спринта на светските првенства во 2023 година, но неговиот најдобар резултат беше 19,31 секунди на 200 метри од 2022 година, што е нов американски рекорд.
Најдобриот резултат во 2025 година го постави Јамајканецот Кишане Томпсон (9,75 секунди), па се очекува дека тој, заедно со сонародникот Облик Севил, ќе биде фаворит во финалето на 100 метри. Болт предвидува дека Јамајка ќе ги заземе првите две места.
„Сè е во правилното изведување на трката, а не обрнувањето внимание на бучавата од страна“, рече Болт.
Австралискиот тинејџер Гут Гут (17), кој веќе го споредуваат со Болт поради неговиот стил и резултати, би можел да биде кандидат за соборување на рекордот во иднина.
„Лесно е во помладите категории, но преминот во сениорското натпреварување е многу потежок. Сè зависи од вистинскиот тренер и вистинското окружување“, рече Болт.
Иако верува дека напредокот во технологијата за атлетски обувки еден ден ќе доведе до нови рекорди, Болт верува дека неговите резултати засега не се во опасност.
„Сè во животот еволуира, луѓето сакаат да бидат подобри и побрзи. Нема да биде изненадување кога тоа ќе се случи, но нема да се случи сега“, заклучи Болт.
Foto/ EPA
Спорт
„Билд“: Менаџерот Мендеш не дозволил трансфер на Јамал во Баерн

Ламин Јамал е еден од најдобрите фудбалери на денешницата со само 18 години, а германскиот весник „Билд“ открива дека Шпанецот можел да заврши во редовите на Баерн.
Не во овој, па дури ни во претходниот преоден рок.
Германскиот весник „Блид“, открива дека Баерн ѝ испратил на Барселона понуда од пет милиони евра за тогаш 14-годишен Јамал. Сè било блиску до договор, но сепак, интервенирала трета страна. Таа година, Јамал добил нов агент во лицето на Жорж Мендеш, еден од највлијателните менаџери во светот на фудбалот.
Во тој момент, Мендеш го убедил да остане во Барселона и договорот пропаднал.
За потсетување во тоа време, Барселона се наоѓаше во тешка финансиска ситуација и трансферот сигурно ќе се случел доколку не се вклучил менаџерот Мендеш.