Спорт
„Докторот“ доби вистински наследник – Пеко Бањаја стана светски шампион

На 25-годишното момче од Торино, Франческо Бањаја, секогаш попознат како Пеко, му беше доволно и осмото место на последната трка од сезоната за да стане светски шампион во Мото ГП класата, првпат за возач на Дукати по легендарниот Кејси Стонер и првпат со италијанското знаме по неговиот идол и ментор, Валентино „Докторот“ Роси, кој беше на патеката во Валенсија за да не го пропушти славјето.
Алекс Ринс триумфираше на „Рикардо Тормо“ пред Хорхе Мартин и Брад Биндер, но сите очи беа вперени во двојката која се бореше за титулата – Бањаја на Дукати и актуелниот шампион, Фабио Квартраро на Јамаха. На Французинот Квартараро му требаше неверојатна позиција во која ќе победи, а Бањаја нема да освои поени, додека на Италијанецот му беше доволно само 14. место за осигирување на титулата. На крајот, немаше некоја битка, откако Бањаја конзервативно не влегуваше во остри дуели и му беше доволно осмото место, додека Квартараро заврши на четвртото место.
Бањаја ја започна кариерата како дел од академијата на повеќекратниот Мото ГП шампион, Роси во 2012 година и еден од ретките сениорски возачи кои остануваат дел од ВР46 академијата. Веќе следната сезона тој влезе во Мото3 шампионатот, каде што помина четири сезони, пред да се пресели во Мото2 и во втората сезона во 2018 година да стане светски шампион. По ова следуваше трансферот во МотоГП, прво со сателитскиот Прамак тим, а потоа и со главниот тим на Дукати, со кој лани го освои второто место зад Квартараро, а оваа сезона, конечно, ја оствари судбината и стана наследник на „Докторот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ламин Јамал почна да наплаќа за автограм

Ламин Јамал без конкуренција е првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но не се труди многу да ги избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста.
Јамал се најде во центарот на вниманието со одлуката дека повеќе нема да дава автограми на деца, освен ако не платат за тоа.
Иако и самиот се уште е момче, 18-годишен тинејџер, под изговор на капитализам и најголем можен профит, реши да ангажира специјализирана страница за колекционери преку која ќе го продава својот потпис.
Тој доби понуда, објавува „Мундо Депортиво“, која ја прифати и ништо повеќе нема да биде бесплатно кај него.
Уште повеќе, тој дури нема да дава премногу автограми, бидејќи колку помалку има, толку се повредни и поскапи.
Ова не е ново во светото на спортот, ново е во Европа. Леброн Џејмс и Лионел Меси го прават тоа во САД.
Наводно, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Џејмс, од еден продаден автограм за работува и до 15.000 долар
Спорт
(Видео) Манасков го постигна голот на колото во ЛШ

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Манасков, го постигна најубавиот гол во петтото коло, во Лигата на шампионите.
Еурофарм Пелистер, во средата загуби од Барселона во Битола со 30:34. Манасков голот на колото го постигна во последната минута. Тоа беше цепелин, додавање од голманот Митревски, а левото крило на Еурофарм Пелистер погоди од невозможен агол.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
🔥 𝙏𝙊𝙋 5 𝙂𝙊𝘼𝙇𝙎 – Round 5 powered by Gorenje!
1️⃣ Dejan Manaskov – HC Eurofarm Pelister
2️⃣ Mathias Gidsel – Füchse Berlin
3️⃣ Martim Costa – Sporting Clube de Portugal
4️⃣ Lazar Kukic – OTP Bank-PICK Szeged
5️⃣ Felix Claar – SC Magdeburg#ehfcl #CLM #handball pic.twitter.com/ZVZpxxXnmg— EHF Champions League (@ehfcl) October 17, 2025
Спорт
Македонија назадуваше на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот.
Македонија се наоѓа на 65-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од две места.
Фудбалската репрезентација на Македонија, минатата недела одигра два натпревари во квалификациите за пласман на СП. Двете средби со Белгија и Казахстан завршија 1:1.
Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Албанија, Република Ирска, Буркина Фасо, Хондурас…
На новата ранг листата на ФИФА има промени во Топ 10. Германија е десетта, а Хрватска испадна од најдобрите 10 во светот.
На врвот е Шпанија, Аргентина ја скокна Франција на второто место, а а Холандија е шеста, пред Бразил.
Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Португалија, Холандија, Бразил, Белгија, Италија и Германија.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија