Спорт
Швеѓанките ги „уништија“ Словенките, нова победа на Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/20221106-ehf-euro-live-blog-main-6.jpg)
Шведска со фантастично второ полувреме стигна до 33:22 победа над Словенија, „приземјувајќи“ ги домаќинките на Европското првенство во ракомет, додека Хрватките покажаа дека се подготвени за висок пласман со 21:18 победа над Унгарија во второто коло на континенталниот шампионат.
Шведска имаше фантастично второ полувреме, кое го добија со 19:9, замолчувајќи ја домашната публика и во исто време станувајќи првата репрезентација која се пласираше во втората рунда.
Хрватска по победата над Норвешка, покажа „заби“ и против Унгарија, предводени од фантастичната голманка Теа Пијевиќ.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2.КОЛО
ГРУПА А
Хрватска – Унгаријa 21:18 (10:7)
Швајцарија – Норвешка 20.30 ч.
ГРУПА Б
Словенија – Шведска 22:33 (13:14)
Србија – Данска 20.30 ч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Девет полицајци се повредени во тепачка со српски навивачи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/sudir.jpg)
Најмалку девет полицајци се повредени во судир со српски навивачи во центарот на Минхен во пресрет на решавачкиот натпревар за премин во осминафиналето меѓу Данска и Србија, објави германската агенција ДПА.
Конфликтот почнал околу 17:00 часот на градскиот плоштад Мариенплац кога полицијата извршила претрес на еден од навивачите поради сомнение дека поседува пиротехнички средства. Според полицијата, тоа било причина за фрлање шишиња и маси кон нејзините членови, кои потоа возвратиле со употреба на солзавец и палки.
По судирот на Мариенплац, српските навивачи продолжија да користат нелегални пиротехнички средства во близина на станицата на метрото, но и внатре во стадионот.
Поради тоа, неколку лица се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, нанесување тешки телесни повреди и напад на полициски службеници.
Нема информации за бројот на повредени српски навивачи.
Спорт
Бунт во репрезентацијата на Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/skynews-serbia-football-euro-2024_6586377.jpg)
Неполни 12 часа по елиминацијата на репрезентацијата на Србија од Европското првенство, српските таблоиди објавија дека дел од репрезентативците кренале бунт против селекторот Драган Стојковиќ Пикси. Инаку, Србија во Ц групата, заврши на последното место зад Англија, Данска и Словенија. Овие три селекции изборија место во осминафиналето.
Б92, повикувајќи се на таблоидните медиуми во Србија, објави дека Душан Тадиќ, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и неговиот брат Вања наводно изјавиле дека нема да играат за репрезентацијата се додека на селекторската позиција е Драган Стојковиќ..
Тадиќ е лут бидејќи тешко ја прифати одлуката натпреварот со Англија во првото коло да го започне од клупата за резерви. Исто така тој беше резерва и во решавачкиот против Данска.
Александар Митровиќ е далу од она што некогаш беше. Тој беше незадоволен кога Писки го замени против Англија, а синоќа по мечот со Данска рече дека веројатно тактиката не била добра.
Што се однесува до Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тој не воодушеви со своите игри на ова ЕП.
Првиот натпревар против Англија го започна од првата минута, но беше заменет на полувремето, а против Словебија и Данска беше резерва.
Што се однесува до неговиот брат Вања, ваквата гласина е сосема очекувана со оглед на тоа што беше прв голман во Лигата на нации и квалификациите, но местото го загуби ЕП од Предраг Рајковиќ, кој веројатно беше најдобрито играч на Србија.
Сепак, Телеграф пренесува дека Рајковиќ се солидаризирал со поискусните соиграчи и наводно повеќе нема да игра за Србија се додека Драган Стојковиќ е на селекторската позиција.
Српските фудбалери вечерва се враќаат во Белград.
Спорт
Усик остана без титулата во верзијата на ИБФ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/5431757_20220821t113110z-2065945597-rc2q0w9r56sj-rtrmadp-3-boxingheavyweightusykjoshua_ls.jpg)
Украинецот Олександер Усик само 40 дена беше апсолутен шампион во тешка категорија. Без овој статус остана бидејќи се откажа од одбраната на титулата во верзијата ИБФ.
Усик на 18 мај го победи Британецот Тајсон Фјури на поени и со тоа стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија по 24 години и Ленокс Луис.
Усик и Фјури се договорија за реванш кој ќе се одржи на 21 декември. Украинецот побара од ИБФ да не му го одземаат појасот пред реваншот со Фјури, но барањето му беше одбиено.
ИБФ, по повлекувањето на Усик за привремен шампион го прогласи Британецот Даниел Дубоа, кој го победи најдобриот хрватски тешкаш Филип Хрговиќ со нокаут на 1 јуни.
Со ваквиот развој на настаните, борбата меѓу Дубоа и уште еден Британец Ентони Џошуа, која беше договорена за 21 септември на Вембли, станува борба за титулата шампион во ИБФ верзијата.