Свет
Приведени 65 луѓе на митинг на опозицијата во Кишињев

На митинг на опозицијата во Кишињев синоќа се приведени 65 лица, соопшти главниот полициски инспекторат на Министерството за внатрешни работи на Молдавија.
Молдавската полиција посочи дека биле снимени „повеќе провокации против членовите на редот“.
„Конкретно, станува збор за обиди за пробивање на полицискиот кордон. Приведени се 65 лица, од кои четворица малолетни. Идентификувани се поттикнувачите на нередите кои претставувале закана за јавната безбедност“, се вели во соопштението на инспекторатот, објави РИА Новости.
Полицијата соопшти дека на протестот учествувале околу 1.700 луѓе, а претходно организаторите на протестот најавија дека протестирале 50.000 луѓе.
Демонстрантите протестираат против сè повисоките цени на енергијата и падот на животниот стандард, пренесе ТАСС. Тие бараат оставка од претседателката на Молдавија, Маја Санду, и владата, како и распишување предвремени парламентарни избори.
Демонстрантите се предводени од пратеници од партијата Шор и Комунистичката партија на Молдавија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“
Европа
Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа е Кремљ.
„Сите знаеме дека само една земја ја започна оваа војна и само една земја го блокира нејзиното мирно решавање денес – а тоа е Русија“, рече Стармер.
Тој додаде дека предлогот за 30-дневен прекин на огнот сега е официјално на маса. „Володимир го поднесе овој предлог пред два месеци, Емануел и јас интензивно работевме на тоа, а сега се придружија повеќе европски земји и САД. Постои јасно единство“, рече тој.
„Ова е пресвртница. Сите што сакаат мир сега се обединуваат. А оние што го одбиваат – ќе бидат разоткриени.“