Спорт
Кари ги раздвижи шампионите, дебакл на Лејкерси во Јута, прв пораз за Милвоки

Денвер ја забележаа третата победа по ред, Милвоки го запиша првиот пораз во сезоната, Голден стејт ја прекина низата од пет порази, ЛА Лејкерс доживеаја тежок пораз во Солт Лејк сити, а Филалделфија ги победи Финикс санс, во најинтересните натпревари одиграни изминатата ноќ во НБА-лигата.
За првпат во историјата на НБА сите екипи играа во иста вечер. Денвер Нагетс успеаја да ги победата Сан Антонио Спарс со 115:109.
Никола Јокиќ уште еднаш беше фантастичен и за 34 минути на теренот запиша 26 поени, 10 асистенции, 8 скока, 2 украдени топки, 3 блокади. Ист број на поени постигна и Мајкл Портер јуниор.
Милвоки бакс загубија на гостувањето кај Атланта хокс со резултат 117:98. По овој натпревар во лигата повеќе нема непоразени тимови.
Најдобар играч за Хокс беше Дежонте Мареј со 25 поени, 8 скока и 11 асистенции. Очекувано, Јанис Адетокумбо беше најдобриот играч на Бакс со 25 поени (9/20 од поле, 7/8 пенали), 7 скока и 2 асистенции.
Актуелните шампиони, Голден стејт вориорс, ја прекинаа серијата од пет порази, во која беа на турнејата во Источната конференција. Вориорси на домашен терен славеа над Сакраменто Кингс со 116:113.
Стеф Кари практично сам ги победи Кралевите во дербито на Калифорнија. Кари постигна 47 поени. Поддршка доби од Ендрју Вигинс (25 поени и 10 скокови) и Клеј Томпсон (16 поени, 6/18 од поле). Кај Кингс се истакна Диерон Фокс со 28 поени (8/17 од поле), Малик Монк додаде 24, а Домантас Сабонис имаше 19 поени и 14 скока.
Јута џез ги победи Лос Анџелес Лејкерс со 139:116 во Солт Лејк сити, а тимот од Калифорнија остана без Леброн Џејмс поради повреда.
Најдобар играч во домашниот тим беше Финецот Лаури Марканен, кој игра брилијантно од стартот на сезоната. Поранешниот кошаркар на Кливленд и Чикаго постигна 23 поени, Џордан Кларксон забележа 22 поени. Кај Лејкерси Ентони Дејвис постигна 29 поени (11/18 од поле), а Расел Вестбрук имаше 22.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона засекогаш му ја затвори вратата на Нико Вилијамс

Првата ѕвезда на преодниот рок во Шпанија, па и пошироко, Нико Вилијамс, повотрно ја одби Барселона. Крилниот напаѓач го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035. Откупната клаузула во договорт сега изнесува 95 милиони евра. Откако втор пат ја одби Барселона, Каталонците решија да му ја затворат вратата засекогаш.
За потсетување, медиумиуте тврдеа дека Вилијамс го договорил трансферот во Барселона преку својот менаџер. Дел од медиумите во Шпанија пишуваат дека се премислил бидејќи Барселона не можела да гарантира дека ќе биде регистриран.
Поради тоа решил да остане во Билбао, каде го добил најголемиот договор во историјата на клубот.
Барселона дозна, преку официјалната веб-страница на Атлетико, дека Вилијамс ја продолжил соработката со актуелниот клуб.
Фактот што претходно не ги информирал за својата одлука не му се допаднал на Џоан Лапорта. Првиот човек на Барселона, како што дознава каталонскиот „RAC1“, решил засекогаш да му ја затвори вратата на Вилијамс.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Херкул го испрати Ал Хилал дома

Foto/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Фудбалерите на Флуминензе први изборија пласман во полуфиналето на клупскиот Мундијал во САД. Бразилскиот клуб во првото четвртфинале, на стадионот во Орландо, го победи Ал Хилал со 2:1 (1:0).
Бразилскиот клуб се пласираше во следната рунда благодарение на головите на Мартинели во 40-та минута и на Херкулес во 70-та минута, додека стрелец за Хилалбио беше Леонардо во 51-та минута од натпреварот.
70' HERCULEEEEEES! 💥
Fluminense’s hero goes for it twice, and puts Fluzão back in front! 🇭🇺🔥 pic.twitter.com/8XzEUUoszR
— DAZN Football (@DAZNFootball) July 4, 2025
Флуминензе во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Челзи и Палмеирас.
Спорт
Петмина побарале да го напуштат Јунајтед, клубот веќе му го одзеде број на Рашфорд

Петмина фудбалери побарале да го напуштат Манчестер јунајтед. Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Тајлер Маласија и Џејдон Санчо нема да се појавата на првиот собир во пресрет на новата сезона.
Клубот верува дека ова е најдоброто решение додека сите споменати играчи ги истражуваат опциите за трансфер ова лето.
Сепак, вратите на тренинг центарот остануваат отворени за нив – тие ќе можат да користат медицински и рехабилитациски услуги.
Во меѓувреме, потврдено е дека Рашфпрд веќе остана без „десетката“. Бројот 10 на грбот ќе го носи новото засилување, Матеус Куња, за кого беа платени околу 70 милиони евра.
Што се однесува до Гарначо, менаџерот Рубен Аморим му порача да „се моли на Бога“ да најде нов клуб ова лето, откако го налути тренерот со своето однесување во текот на финалето на Лига Европа против Тотенхем.
Наполи ја следи ситуацијата околу аргентинскиот крилен напаѓач, а Челзи и Тотенхем се заинтересирани за него, заедно со уште еден клуб од Премиер лигата.
Санчо требаше да се врати на тренинзите откако Челзи плати околу пет милиони евра за да не мора да го откупи неговиот договор, вреден околу 25 милиони евра. Јувентус е заинтересиран за позајмица, но италијанскиот клуб не може да покрие ниту половина од неговите неделни приходи од 275.000 евра.
Антони успешно ја заврши минатата сезона на позајмица во Реал Бетис, кој сака да го задржи. Но, Бетис ќе мора да преговара за нов договор со Јунајтед, според кој бразилскиот крилен напаѓач би можел повторно да оди на позајмица со обврска да го откупи договорот за околу 35 милиони евра.
Тајлер Маласија исто така требаше да се врати во Манчестер откако ПСВ одлучи да не го откупи неговиот договор за осум милиони евра. Холанѓанецот е свесен дека не е во плановите на менаџерот Аморим.
Foto/ EPA-EFE/DAVID CLIFF