Спорт
Гарсија го освои завршниот ВТА мастерс
Француската тенисерка Каролин Гарсија, која до неодамна беше шеста во светот, во голем стил ја заврши ВТА сезоната. Во финалето на завршниот Мастерс во американски Форт Ворт, 29.годишната тенисерка ја победи Белорусинката Арина Сабаленка со резултат 2:0.
Во сетови беше 7:6 (4), 6:4 по 102 минути игра за тенисерката на Сен Жермен ан Леј, која ја освои 11. титула во кариерата.
Гарсија ќе ја заврши сезоната на четвртото место на ВТА листата со што ќе го повторни најдобриот ранкинг во кариерата кој го имаше уште во 2018 година.
Гарсија блескаше во вториот дел од сезоната и успеа да се врати во самиот врв на светскиот тенис. Пред една беше под 70.та позиција на листата.
Таа во последните шест месеци, покрај во Форт Ворт, освои титули и во Бад Хомбург, Варшава и Синсинати.
Исто така, Каролин стана втората Французинка во историјата која го освоила последниот Мастерс, пред 17 години тоа го направи легендарната Амели Морезмо.
Во дуелот со Сабаленка, Французинката која во полуфиналето ја елиминира Марија Сакари, не се соочи со ниту една брејк топка и заслужено дојде до трофејот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Конате и Салах го лансираа Ливерпул на челната позиција во Премиер лигата
Во натпреварот од шестото коло на англиската Премиер лига, Ливерпул победи со 2:1 на гостувањето кај последнопласираниот тим во лигата Вулверхемптон.
Тимот на Арне Слот на тој начин ја забележа петтата победа сезонава и со тоа го престигна актуелниот шампион Манчестер сити на врвот на табелата.
Ливерпул поведе со голот на стоперот Ибрахим Конате во судиското надополнување на првото полувреме. Домаќините се вратија во вториот дел кога алжирскиот дефанзивец Рајан Аит Нури погоди во 56. минута. Победата на Ливерпул му ја обезбеди во 61. минута Мохамед Салах со гол од пенал.
Спорт
(Видео) Актуелниот шампион ја запре серијата на Баерн – Евро гол на Павловиќ
Баерн Минхен и актуелниот шампион Баер Леверкузен одиграа 1:1 во дербито на петтата рунда во Премиер лигата. Баварците ја задржаа челната пзиција на табелата со 13 бодови, два повеќе од Лајпциг и три од Леверкузен и Борусија Дортмунд.
Баерн домиираше во текот на целиот натпревар, 70 отсто од времето топката ја имаа Баварците во своите нозе, имаа повеќе шанси, но не успеаја да победат.
Леверкузен со јасна цел излезе на теренот во Минхен, да не доживее пораз и на крајот играчите на Чаби Алонсо дојдоа до еден бод.
Во екот на најголемата офанзива на Баерн, гостите од Леверкузен првата сериозна кација ја завршија со гол. Во 31.минута од 20 метри Андрих го погоди споритвниот агол од голот на Ноер.
Баерн еспресно се врати во натпреварот, во 39 минута, Павловиќ постигна спектакуларен гол. Од 27 метри упати неодбранлив удар во голот на Храдецки.
Баерн во вториот дел имаше три неверојатни шанси, во 48.минута Гнабри најпрвин ја погоди стативата, а потоа и гредата, а во 57.минута Храдецки извонредно реагираше и го запре ударот на Олисе.
Спорт
Вардар 1961 лесно славеше во дербито со Еурофарм Пелистер
Вардар 1961 го доби првото дерби во првенствот против Еурофарм Пелистер оваа сезона. Црвено-црните во Скопје славеа со 27:24 (15:11).
Првото полувреме, во кое Вардар1961 одигра речиси беспрекорно во одбраната, со која диригираше голманот Еспиња, му ја трасираше победата на домашниот тим. Еспиња во првото полувреме забележа седум одбрани, а сето тоа го зачини во финишот на второто полувреме кога одбрани два седмеци (Радивијевиќ, Кузмановски) и ги спречи играчите од Битола да внесат неизвесност во натпреварот.
Вардар 1961 прв пат се одлепи од протиникот во десеттата минута кога стекна предност од три гола (5:2, 6:3). На десет минути до крајот на првиот дел црвено-црните дојсоа до највисоката предност 11:6.
Првата половина од вториот дел им припадна на играчите на Пелистер, во 45.минута се доближија на гол негатива (20:19). Црвено-црните експресно се консилидираа и со серија 5:2 го одбија нападот на противникот.
Марко Срдановиќ го предводеше Вардар 1961 со осум гола, три помалку постигна ветеранот Гоце Георгиевски. Кај Пелистер најдобри беа репрезентативците Никола Митревски со десет одбрани и Филип Кузмановски зсо седум гола.