Спорт
Блатер откри кој и за колку пари му овозможил на Катар да биде домаќин на СП
Светското првенство во Катар почнува за 12 дена, по тој повод се огласи и Сеп Блатер (86), поранешниот претседател на ФИФА. Блатер ја водеше ФИФА од 1998 до 2015 година. Во неговиот мандат Катар ја доби организацијата на Светското првенство, која до денес предизвикува многу негативни реакции во јавноста.
„Изборот на Катар беше голема грешка. Веќе беше договорено Русија да биде домаќин во 2018 година, а САД да бидат домаќини на Светското првенство во 2022 година. Со тоа ќе испратевме порака за мир, бидејќи двете земји ќе имаа можност да организираат едно по друго Светско првенство“, изјави Блатер за швајцарските медиуми.
Седум дена пред Конгресот на ФИФА во 2010 година се случил пресвртот. Блатер тоа го објасни вака:
„Мишел Платини ми се јави и рече дека нема да биде возможно да го реализираме нашиот план. Тој ми кажа дека добил повик од францускиот претседател Саркози, кој штотуку ја завршил средбата со првиот човек на Катар“, се сеќава Блатер и продолжува.
„Саркози тогаш му кажал на Платини дека сака Катар да биде домаќин на Светското првенство. Јас бев против тоа, но Платини потоа ме праша што би направил ако претседателот побара нешто од мене. Ние во Швајцарија немаме такво чувство бидејќи немаме претседател. На крајот, четирите гласови на Платини одлучија Катар да биде домаќин наместо САД. Тоа е вистината“, рекол Блатер и дополнил.
„Се разбира, сè беше до парите. Шест месеци подоцна, Катар купи борбени авиони за Франција, вредни речиси 15 милијарди долари“.
ФИФА пред Светското првенство се соочува со многу големи проблеми.
Пред почетокот на турнирот, на „Нетфликс“, ќе биде објавен филм за измамите во ФИФА. Претходно беше објавен и официјалниот трејлер за FIFA Undercovered. Истражувачкиот документарен серијал ќе ги открие скандалите што се случиле во организацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Медиумите го преселија Влаховиќ во Ливерпул
Од наредната сезона Дуашн Влаховиќ нема да биде играч на Јувентус, тоа е сигурно, се поставува прашањето дали Србинот ќе остане во Торино по заимскиот преоден рок. Влаховиќ е повреден, нема да игра до месец март наредната година, но Јувентус сепак ќе се обиде да го продаде.
Неколку англиски медиуми тврдат дека Влаховиќ би можел да заврши во Ливерпул. „Црвените“ се во потрага по напаѓач откако Александер Исак доживеа тешка пшовреда.
Нејасно е само како би им помогнал Влаховиќ, кога не може да игра уште три месеци.
Според овие извори, во Ливерпул сериозно ја разгледувале оваа опција и биле подготвени да понудат 20 милиони евра за напаѓачот.
Оваа сума би ја прифатиле во Јувентус, бидејќи зимскиот преоден рок е последна шанса да заработат од трансферот на Влаховиќ, во споритвно тој во јуни ќе замине без обешстетување.
Foto/ depositphotos
Спорт
Атлетико ќе му понуди нов договор на Чоло Симеоне
Намерата на челниците на Атлетико Мадрид е да ја продолжат соработката со нивниот долгогодишен тренер Диего Чоло Симеоне, објави шпанска „Марка“.
Според овој извор, официјалните преговори со темпераментниот аргентински стручњак сè уште не се започнати, но Атлетико е убеден дека Симеоне е најдоброто решение за клубот.
Поради неговата филозофија, посветеност и способност да создава конкурентен тим секоја сезона.
Актуелниот договор на популарниот Чоло со Атлетико истекува во јуни 2027 година, а тој е на клупата од декември 2011 година.
Со Атлетико, Симеоне освои две титули во шпанското првенство, две титули во Лига Европа, а двапати го загуби финалето на Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал, двапати на повеќе од несреќен начин.
Да ве потсетиме дека Чоло е убедливо најплатениот тренер во светот со плата од 3,3 милиони евра месечно.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мареска отпишал шестмина, си одат од Челзи во јануари
Фудбалскиот клуб Челзи има намера да се откаже од најмалку шест играчи во зимскиот преоден рок.
Енцо Мареска во летниот преоден рок подвлече дека има премногу играчи во тимот, но тогаш не успеа да го скрати спиското. Сега клупските челници ќе се обдат да го намалат ростерот.
Мареска јасно стави до знаење дека вишок се: Тосин Адарабијо, Факундо Буонаноте, Аксел Дисаси, Рахим Стерлинг, Беноа Бадијашиле и голманот Филип Јоргенсен.
Од почетокот на оваа сезона, само Адарабијо понекогаш добиваше шанса, но беше доста лош и Мареска го отстрани од тимот по натпреварот во Лидс и практично го стави на трансфер листата.
Засега не е познато каде би можеле да одат споменатите играчи, но се знае дека Стерлинг има понуди од Лидс и Кристал Палас, дека Дисаси и се нуди на Рома, за останатите, останува да се види каде ќе ги продолжат кариерите.
Fptp/ depositphotos

