Контакт

Македонија

Рашковски ја повикува Вилма Русковска како сведок на директно соочување

Објавено пред

Драги Рашковски, поранешниот генерален секретaр на Владата, до судот поднесе предлог како сведок да биде повикана шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во заминување, Вилма Русковска за да се соочи со неа во судницата и да докаже дека целиот процес против него е монтиран.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека е крајно коректно ако некој застане зад некој обвинителен акт и тврди дека е така, да се соочи во најмала рака со главниот обвинет во случајот – јас и да ги вкрстиме аргументите , а од друга страна да ѝ биде предочено на сите инкриминирачки дејствија кои што според нас таа ги има направено додека ја вршела истрагата“, истакна Рашковски.

Неговата одбрана смета дека сведочењето на Русковска ќе придонесе да се докаже како судскиот процес и целокупната постапка и внатре во рамките на Обвинителството е местена целокупната истрага, целокупното поднесување на обвинителниот акт.

Со барањето на Драги Рашковски, до Основниот кривичен суд Скопје дополнета е листата на докази и тоа на следниот начин: Испрашување на сведок и директно соочување со Вилма Русковска, поранешен јавен обвинител во ОЈО ГОКК.

Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова го прими австралискиот амбасадор Даниел Емери

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Австралија, Даниел Емери.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои се пријателски и следната година ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази посветеноста од македонска страна за натамошно проширување на соработката на различни полиња и изрази очекување дека Австралија ќе продолжи да биде наш партнер и сојузник во остварувањето на стратешките цели и аспирации.

Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова го реафирмираше интересот од македонска страна за отворање на резидентна амбасада на Австралија во Скопје.

Како важна врска меѓу двете држави беше посочена бројната македонска заедница во Австралија, која дава важен придонес во општествениот живот на Австралија и придонесува за австралискиот економски развој.

Претседателката Сиљановска Давкова на средбата истакна дека нивото на економска соработка не ги рефлектира одличните политички односи меѓу двете пријателски земји и дека постои огромен неискористен потенцијал во насока на развој на економската соработка и зголемување на трговската размена.

Прикажи повеќе...

Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски и министерот Ристовски најавија реконструкција на салата „Расадник“

Објавено пред

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, ја посетија салата „Расадник”.

dobivaj vesti na viber

Најавија дека после децении негрижа од поранешното раководство почнува процесот за нејзина реконструкција. Во финална фаза е нарачаниот проект од Општина Кисела Вода која од минатата година по долг и мачен процес, правно и без долгови ја презеде од Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт.

По изготвувањето на проектот, ќе може да се премине кон градежни активности кои треба да го вратат на граѓаните овој култен дом на спортот од кои скопјани имаат прекрасни спомени. Проектот кој се очекува да чини околу 1.5 милиони евра ќе биде финансиски покриен од Министерството за спорт.

„На мое големо задоволство, денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, сме во салата „Расадник” за да информираме за нешто што се чекаше со децении наназад. По еден долг период одбележан со негрижа и занемарување, некогашниот симбол на спортскиот дух на нашата општина и градот, салата „Расадник“ конечно ќе биде реконструирана и вратена на користење на граѓаните.

Во текот на минатата година, Општина Кисела Вода правно го презеде управувањето со овој објект. Без наталожените долгови спортската сала „Расадник” беше преземена од Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт, кое има задача да стопанисува со државни спортски објекти, но и да инвестира во одржување на спортските комплекси, а кое поради 30-годишната негрижа салата ја претворило во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор“, кажа Ѓорѓиевски.

„Уште тогаш, по извршениот увид, утврдивме дека е неопходна темелна реконструкција и веднаш започнавме со процесот на подготовка. Сакам да информирам дека Општина Кисела Вода го нарача проектот и тој е во финална фаза. Откако ќе биде готов, започнува реконструкцијата. Со оглед на тоа што се работи за искучително скап зафат, големо е моето задоволство што можам да информирам дека средствата се обезбедени и тој ќе се реализира преку Министерство за спорт во Владата на Република Македонија.

Оваа спортска сала има посебно место во срцата на нашите граѓани. Таа беше дом на култниот тим “Вардар” и сведок на многу славни спортски моменти. За многумина од нас, таа е симбол на спортскиот дух, заедништвото и успехот и затоа, нашата цел е да и го вратиме загубениот сјај и таа повторно да биде место каде што ќе се пишуваат нови спортски истории. Сакам да му се заблагодарам на новиот министер за спорт, Борко Ристовски за поддршката и визијата која ја делиме. Неговата посветеност кон спортот и развојот на спортската инфраструктура е од клучно значење за овој проект. Очекувам дека ваквите проекти ќе станат чести во иднина и дека ќе имаме уште многу можности да инвестираме во спортската инфраструктура за доброто на нашите граѓани. Воедно, Со нетрпение очекувам реновираната сала Расадник да го отвори своите врати и повторно да стане дом на тимот „Вардар“, кој со своите успеси ја испиша историјата на македонскиот спорт“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Денес е еден од оние денови кога се будат спомените, но и се отвораат нови можности за иднината, посебно во делот на спортот. Како министер во новоформираното Министерство за спорт, со големо задоволство и гордост сакам да го најавам почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Расадник“. Ова некогаш култно место за сите спортски вљубеници во нашата земја, носи спомени за преполните трибини и за незаборавните натпревари во кошарка, ракомет и одбојка. „Расадник“ беше и дом на легендарниот клуб “Вардар” и место каде спортистите и навивачите живееја заедно во спортски дух и заедништво. Како спортист и ракометар, и јас лично имам длабока сентиментална врска со ова место, исто како и сите оние кои некогаш тука играле или навивале. Искрено се заблагодарувам на градоначалникот Ѓорѓиевски, кој денес е тука со нас. За пофалба се неговата решителност и напорите да го преземе управувањето на салата од поранешните централни власти, кои ја оставија во руинирана состојба. Заеднички успеавме да создадеме финансиска конструкција која ќе овозможи реконструкција на ова некогаш култно место и негово враќање во живот. Откако проектот ќе биде готов, веднаш ќе започнеме со работа со цел „Расадник“ што побрзо да биде повторно дом на спортот и расадник на идните спортски легенди. Нашата цел е овој простор да стане модерен спортски центар кој ќе го негува спортскиот дух и ќе ги инспирира идните генерации“, изјави министерот за спорт Борко Ристовски најавувајќи дека како министер за спорт, ќе работи на реализација на капитални спортски инфраструктурни проекти и поддршка на спортот и спортистите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ: Освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Објавено пред

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ.

Филипче се заблагодари на честитките, како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата.

Новоибраниот претседател, Венко Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.

-Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок., рече Филипче.

Филипче убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9.000 гласа од членовите на партијата. СДСМ е единствена партија во земјата со толку висок демократски капацитет којашто претседаелот го бира на директни, непосредни внатрепартиски избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ: Освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија45 минути

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе...

Топ58 минути

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска во 00.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија1 час

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија1 час

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија2 часа

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...

Македонија3 часа

Паднати дрвја, оштетени возила, повредено лице – невремето ги зафати Скопје, Струмица, Битола, Гевлегија, Валандово

ЦУК: 2.381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко, Битолско,...

Македонија3 часа

Се враќаат оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа...

Свет4 часа

Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени војници се ставени во состојба...

Свет4 часа

Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица во Египет

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање трикатна зграда во јужниот дел на Египет. Инцидентот се случил...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. На...

Свет4 часа

Бајден за дебатата: Не го слушав мојот персонал, за малку ќе заспиев на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси на минатонеделната дебата на Си-ен-ен. Тој им рече на...

Македонија5 часа

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не не плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат...

Македонија20 часа

Димовски, Пандов, Клековски, Миланов и Трајанов нови директори на пет државни институции

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја враќа оградата околу владината зграда

На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Оградата...

Македонија23 часа

Лога: Никој не може да им го забрани на албанските граѓани користењето на нивното национално знаме

Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Северна Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште...

Македонија1 ден

Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија, а за Скопје вето на секој чекор и повлекување од преспанскиот договор

Премиерот Киријакос Мицоракис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас. Тој го повика Мицотакис да...

Македонија1 ден

Деспотовски нема да бара апанажа: Ако сме способни за функции и ако сме оставиле чист образ, можеме да се снајдеме понатаму

Досегашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој извести дека утрово поднел оставка од функцијата, вели дека нема да бара апанажа....

Македонија1 ден

(Видео) Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб

Вратено е македонското знаме на врвот Голем Кораб. На социјалните мрежи е објавена снимка од промената на знамето.   View...

Македонија1 ден

Муртезини го помеша евроамбасадорот Дејвид со Ричард Гир, па се пошегува на своја сметка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, направи гаф кога, наместо евроамбадорот Дејвид Гир, го кажа името на познатиот актер со...