Спорт
Ако Франција стане СП со вложени 26 ќе заработи 557.000 долари
Неименуван Американец составил обложувачки тикет кој на крајот може да му донесе добивка од 557.000 долари. На тикетот тој вложил само 26 долари. За тикетот да биде добитен Франција треба да го освои Светското првенство во Катар.
Американецот, досега има погодено шампиони во неколку различни спортови. Тој започна со предвидување дека Канзас ќе ја освои НЦАА лигата, а продолжи со прогнозата дека Голден Стејт ќе бидат шампиони во НБА, а Колорадо во НХЛ.
Дека се разбира од фудбалот покажа со тоа што се обложи дека Манчестер сити ќе ја освои Премиер лигата, а Милан ќе ја освои Серија А.
Пред неколку дена се оствари и неговата прогноза дека Лос Анџелес ќе победи во американската МЛС лига.
Доколку Франција ја одбрани светската круна, Американецот ќе доби 557.000 долари. Сигурно е дека тој ќе биде најголемиот навивач на триколорите во Катар.
🏀✅ Kansas
🏀✅ Golden State Warriors
🏒✅ Colorado Avalanche
⚽️✅ AC Milan
⚽️✅ Los Angeles FC
⚽️✅ Man City
⚽️⏳ FranceIf France win the World Cup in Qatar, this punter will win a huge $557k 🤯🤑 pic.twitter.com/0ZsgUIRvV7
— ODDSbible (@ODDSbible) November 8, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Престијани пред УЕФА: Го нарекол Винисисус пед.р, а мајмун
За неколку дена инцидентот што се случи на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, во Лигата на шампионите ќе добие епилог. УЕФА ги анализираше доказите, ги доби изјавите од инволвираните во инцидентот и се очекува да ги соопшти казните.
Во центарот на вниманието е играчот на Бенфика, Џанлука Престијани. Тој беше обвинет од страна на Винисиус Жуниор и Килијан Мпбапе за расизам.
Ѕвездите на Реал тврдат дека Престијани го нарекол Винисисус „мајмун“, додека Агрнтинецот изјави дека му рекол на Бразиелцот дека е „пед.р“.
Според „ESPN“, Престијани во своето обраќање до УЕФА изјавил дека не употребил расистичка навреда, туку хомофобна, тврдејќи дека употребил навредлив термин за сексуална ориентација, а не расистичка навреда.
Сепак, без оглед на формулацијата, дисциплинската рамка е јасна. Член 14 од Дисциплинските прописи на УЕФА предвидува идентичен опсег на казни за навреди врз основа на раса, боја на кожа, етничко потекло, религија, пол или сексуална ориентација.
„Секое лице или субјект кој го навредува човечкото достоинство на поединец или група по која било основа, вклучувајќи боја на кожа, раса, религија, етничко потекло, пол или сексуална ориентација, ќе биде суспендиран најмалку десет натпревари или одреден временски период, или ќе му биде изречена друга соодветна санкција“, се наведува во правилникот.
Во пракса, ова значи дека секоја разлика во видот на прекршокот не ја менува сериозноста на дисциплинската постапка – и расистичките и хомофобичните испади подлежат на иста минимална казна.
Foto/ EPA
Спорт
Договорот е конечен, Зинедин Зидан се враќа
Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на Франција.
Фабрицио Романо повтори дека Зидан ги договорил сите услови со Француската фудбалска федерација и дека практично сè е усно завршено, додека потпишувањето ќе следи во текот на летото.
Дидие Дешан ќе ја предводи Франција на Светското првенство во 2026 година, со што ќе го заврши своето неверојатно патување кое траеше 14 години.
Дешан ја презеде Франција во летото 2012 година, го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, загуби две големи финалиња, на Европското првенство во 2016 година против Португалија и на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Што се однесува до Зидан, ова ќе биде неговата прва работа откако го напушти Реал Мадрид по неговиот втор мандат.
Зидан го предводеше Реал во два наврати, од јануари 2016 година до летото 2018 година, а во тој период освои дури три Лиги на шампиони, а потоа се врати во март 2019 година и остана на клупата до летото 2021 година, оттогаш е невработен.
Тој никогаш не криел дека позицијата селектор е неговиот најголем сон, а во меѓувреме одбил бројни клубови како што се: Јувентус, Манчестер Јунајтед и Челзи.
Спорт
Линдзи Вон се јави по шест часовната операција, објави рендгенски снимки од ногата
Американската скијачка ѕвезда Линдзи Вон (41) објави рендгенски снимки од нејзината нога по последната операција, која траеше шест часа. Да ве потсетиме, пред 12 дена таа доживеа тежок пад и комплексна фрактура на ногата по само 13 секунди од трката во спуст на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
По падот, проследен со вресок од болка, Вон беше префрлена со хеликоптер во болница, каде што беше подложена на четири операции. Тоа беше крајот на нејзиниот настап на Игрите, а веројатно и на нејзината кариера.
Вон, кој пред неколку дена се врати во САД, откри дека сè уште се опоравува во болница откако ѝ беа вметнати бројни плочи и завртки во ногата.
Таа се здоби со сериозна повреда само една недела откако претрпе руптура на предниот вкрстен лигамент на трка од Светскиот куп, во Кран Монтана, но сепак одлучи да се натпреварува на ЗОИ.
„Како што можете да видите, беа потребни многу плочи и завртки за да се состави сè повторно, но д-р Хакет направи неверојатна работа. Со оглед на сериозноста на повредата, закрепнувањето од операцијата е малку потешко и сè уште не сум излегла од болница… Но, блиску сум. Чекор по чекор. Наскоро ќе навлезам во повеќе детали за повредата и што значи сето тоа.“
Заедно со објавата, таа прикачи две рендгенски снимки на кои се гледаат најмалку 20 плочки и завртки вградени во нејзината нога. Таа исто така сподели видео снимено на пат кон операционата сала и фотографија од неа како одмара во болнички кревет.


Вон е олимписки шампион во спуст на Игрите во Ванкувер во 2010 година, а освои злато во истата дисциплина на Игрите во Пјонгчанг во 2018 година. Американката освои 20 кристални глобуси во Светскиот куп: 8 во спуст, 5 во супер-велесламо, 3 во комбинација и 4 Гоеми кристални глобуси за вкупна победа во Светскиот куп.
Foto/ depositphotos

