Македонија
Зечевиќ, Богоев и Спасовски на средби со граѓаните во Маврово Ростуше

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, потпретседателот Стефан Богоев и членот на Централниот одбор, Оливер Спасовски, попладнево се на средби со граѓаните на општина Маврово Ростуше заедно со градоначалникот Медат Куртовски, пратеничката Белкиса Зекири и претседателот на општинската организација, Самир Ајдини.
На средбите со граѓаните од месните заедници во општина Маврово Ростуше се разговара за проектите што се во тек и кои значат реализацијата на ветувањата на СДСМ дадени пред граѓаните за време на предвремените локални избори.
„Победата на СДСМ на предвремените локални избори во Маврово Ростуше e важна не само за партијата туку и за граѓаните. Победата на Медат и СДСМ со огромна разлика покажа дека граѓаните сакаат напредокот и развојот на општината да продолжи. Сведоци сме дека тоа се случува, она што е уште поважно, сѐ она што СДСМ и градоначалникот Куртовски се обврзаа пред граѓаните се реализира, а ветувањата се исполнуваат. Тоа е наша обврска пред вас и ние ја исполнуваме“, рече генералниот секретар Зечевиќ.
За ова, потврда се многуте нови проекти, кои се во тек. Почна реконструкцијата на повеќе улици во Велебрдо, се прави потпорен ѕид во Жировница, потпишани се договори и набргу почнува релизација на проектот за водовод во Аџиевци со поддршка на Владата, како и паркинг во селото Требиште.
„Сите овие нови проекти што се реализираат директно придонесуваат за развој на регионот и исполнување на ветувањата на СДСМ“, потенцира Оливер Спасовски, член на ЦО на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.