Регион
Ѓукановиќ за протестите: Нè има, и тоа како нè има
Црногорскиот претседател и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ, кој не учествуваше, но го поддржа синоќешниот протест во Подгорица, на Твитер објави фотографија од тој митинг и порача дека Црна Гора ќе биде таму.
„Нè има, и како нè има. И таму е Црна Гора. Слободна, граѓанска, мултиетничка, независна. И ќе има Црна Гора. Европска. И ќе нè има. Секогаш кога е потребно“ – напиша Ѓукановиќ на Твитер.
Протестот во Подгорица се одржа под слоганот „Има нас“, а формални организатори беа Форум Луча, додека претставници на ДПС, СДП, СД и ЛП ги поканија граѓаните на протестот.
Ima nas, i te kako nas ima. I ima Crne Gore. Slobodne, građanske, multietničke, nezavisne. I biće Crne Gore. Evropske. I biće NAS. Kad god treba. pic.twitter.com/WAxFLukYAU
— Milo Đukanović (@predsjednik_cg) November 9, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Итни мерки по експлозијата што ја оштети инфраструктурата на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток (ВИДЕО)
Косовскиот совет за безбедност презеде итни мерки по експлозијата што ја оштети инфраструктурата на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток. Сомнежите на надлежните се дека станува збор за напад кој предизвика значителна штета, загрозувајќи го снабдување со вода и електрична енергија. Не се пријавени жртви.
Владата на Косово ги координираше напорите за обновување на снабдувањето, со што се обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, а водоснабдувањето беше заменето со вода од други извори.
Косовскиот премиер Албин Курти ја обвини Србија за нападот, додека Белград се уште не се огласил на тврдењата на Курти.
Експлозијата што се случи во петокот вечерта, предизвика сериозна штета на каналот Ибар-Лепенец, кој е клучен за снабдувањето со вода и електрична енергија во Косово.
Каналот обезбедува вода за пиење за северот на Косово, Приштина и околината, како и за термоелектраните во Обилиќ, кои користат вода од акумулацијата на езерото Газиводе за ладење.
Овој инцидент е трет напад во последните 72 часа на северот на Косово, каде што живее мнозинско српско население.
Слични напади претходно беа извршени врз полициски станици и општински згради во Звечан.
Косовската полиција ги засили безбедносните мерки, вклучувајќи и поголемо присуство на полициски службеници на терен, особено на северот од земјата.
Регион
Ученик се обидел со запалка да му ја запали косата на првоодделенец во училиште во Нови Сад
Училишниот полицаец на 13 ноември пријавил во полиција во Нови Сад дека ученик со запалка му ја запалил косата на седумгодишен ученик, а претходно тоа го правел и со рачката во тоалетот, потврдиле за РТС од српаската полиција
За овој инцидент од Обвинителството велат дека нема елементи на кривично дело.
Овој инцидент се случил во основно училиште во Нови Сад.
Медиумите јавуваат дека станува збор за уште еден случај на насилство, во кое ученик од петто одделение малтретирал првоодделенец, а другите деца собрани наоколу гледале.
На социјалните мрежи се објавени наводни фотографии и изјави на родителите на малтретираното момче, пишува РТС.
Регион
Четири деца пронајдени без свест во спалните соби, едното починало од труење со гас: трагедија во Грција
Едно дете почина, а три се во тешка состојба по истекување на гас во семејна куќа во Ксанти, Грција.
Според медиумите, 16-годишно момче го загубило животот, две од неговите сестри биле интубирани, додека третата сестра исто така е во тешка состојба.
Децата утрово биле пронајдени во куќата без свест. Според медиумите, родителите спиеле во горната соба, додека децата биле на приземје. Кога утрово мајката се симнала, забележала дека ниту едно од децата не се движи и веднаш повикала брза помош.
Не многу долго откако сите биле префрлени во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на момчето. Неговите три сестри на возраст од 15, 18 и 20 години се во исклучително тешка состојба, според написите.
Во болница се хоспитализирани и таткото и мајката, но според грчките медиуми не биле забележани здравствени проблеми.
На трагедијата наводно им претходело поставување на резервоар за плин од надворешната страна на куќата. Се уште не е познато како дошло до истекувањето на гасот.