Македонија
Презентирана новата земјоделска веб – платформа „Национална рурална мрежа“
Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред присутните земјоделски здруженија и професорите од агрономската фела, беше презинтарана новата платформа „Национална рурална мрежа“.
Пред точно 10 години, или поточно во октомври 2012 година, донесени се законските одредби а конечно денес, со донесувањето на соодветните подзаконски акти го ставаме во функција и овој механизам, кој државата го нуди за уште поголема вклученост на сите чинители, за заедно да ги крираме политиките во земјоделството и руалниот развој.
Воведовме уште еден проект, во интерес на земјоделците, а особено за развојот на руралните средини и успеваме успешно да го имлементираме.
„Како министерство го следиме текот на модерните начини за комуникација и еве денес ја промовираме веб-страната на Националната рурална мрежа nmrr.mk, платформа каде на едно место можат да се видат сите мерки и активности кои се ставаат на располагање на сите земјоделци. Главната цел е зголемена информираност на пошироката јавност и потенцијалните корисници на политиките во делот на руралниот развој. Потоа, информации околу мерките за добивање на финансиска поддршка за инвестиции, поттикнување на иновации во земјоделството, производството на храна, шумарството и зголемена одржливост на сите активности во руралните средини и заедници“ рече министерот Николовски.
Веб- платформата „Национална рурална мрежа“ ќе дејствува во сите рурални подрачја, на целата територија на Република Северна Македонија, со цел да се подобрат условите за целосен и рамномерен развој, зголемување на квалитетот на животот на секој поединец по пат на вмрежување и создавање на партнерства. Мрежата се воспоставува по европски терк со целосна вклученост на членството во нејзиното управување. Зачленувањето и членството во Националната рурална мрежа е доброволно и бесплатно за сите граѓани, кои вршат одредена дејност во руралните средини, за сите компании, за сите органи на јавниот сектор и за сите други облици на организациона форма кои делуваат во оваа област. Можност за зачленување во Националната рурална мрежа, се дава и преку веб-страната која денес ја промовираме, каде секој кој сака, доволно е само да го пополни електронскиот формулар кој е достапен на веб страницата на Мрежата.
„Руралниот развој, за мене, но и за нас како министерство има голема важност и е високо меѓу приоритетите. Преку сите досегашни мерки за поддршка тоа сме го докажале. Сега со новата и најголема земјоделска реформа, која заедно со земјоделците ја креираме, преку содавање на нов модел за субвенционирање, предвидуваме нови мерки во програмата за рурален развој. Па така програмата за рурален развој прераснува во инвестициона програма, која уште повеќе ќе им помогне на земјоделците, но ќе помогне и во поголем и рамномерен развој на руралните средини, а еве од денеска имаме и нова веб платформа за подобра информираност “ потенцираше Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.

