Спорт
Сместување во навивачкиот град во Катар 200 евра, едно пиво во бар 100 евра!
Иако Катар претходно призна дека ќе плати група навивачи да присуствуваат на мундијалот, оние што ќе решат индивидуално да патуваат на Блискиот Исток за најдобриот фудбал, ќе треба да имаат длабоки џебови.
Спортските барови, една од ретките локации каде што ќе може да се пие алкохол, веќе најдоа шанса за добра заработувачка – „Чемпионс спортс бар“ во хотелот „Мериот“ во Доха веќе постави цена од 1.000 ријали (околу 270 евра) за пристап за гледање на полуфиналето и финалето, со ваучер за три пијачки. Мечевите од групната фаза се поевтини – 200 ријали (околу 50 евра), но доколку сакате да добиете уште пијачки – секоја ќе ве чини по 100 евра. Цените на алкохолот во Катар се меѓу највисоките во светот поради таканаречениот данок на гревот.
Доколку не сте по алкохолот, сепак, ќе морате да најдете сместување, а организаторите се погрижија со формирање таканаречени села за навивачите, каде што сместувањето е по 200 евра од вечер.
Views of one of the World Cup fan villages in Doha, Qatar.
A stay at Al Emadi costs over $200 per night 📸 pic.twitter.com/yh6QfIpcBZ
— B/R Football (@brfootball) November 9, 2022
🍺 £80 for a bottle of Budweiser or Corona
🍷 £80 for a glass of house wine
📺 £240 to watch World Cup games💵 Football fans will face extortionate cover charges to watch World Cup games in Qatar’s hotel bars.
Exclusive from @PeteHall86 👇https://t.co/xsIv7B7hpR
— i sport (@iPaperSport) November 8, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Грилиш на принудна пауза
Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш, ќе мора да направи долга пауза.
Како што беше потврдено денес, Грилиш доживеал сериозна повреда на стапалото, поради што го очекува пауза од околу три месеци.
„Денес, Грилиш беше подложен на дополнителни медицински тестови, по што беше утврдено дека има сериозна повреда која бара долга рехабилитација и закрепнување од најмалку 12 недели“, обајави клубот..
Во најдобар случај, Грилиш ќе се врати на теренот во втората половина на април, а дотогаш ќе пропушти голем број натпревари.
Евертон е 10-ти на табелата во Премиер лигата со 32 освоени бода.
Грилиш во најдобар случај ќе се врати на теренот на 18 април кога Евертон ќе го пречека градскиот ривал Ливерпул.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тер Штеген во Џирона до крајот на сезоната
Голманот на Барселона и германски репрезентативец, Марк-Андре Тер Штеген, ќе игра на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, објавија двата шпански клуба.
Според договорот што го постигнаа клубовите, Барселона ќе исплаќа околу 90 отсто од платата на тер Штеген.
Тер Штеген (33) пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона одигра само еден натпревар за тимот од „Ноу Камп“.
Тер Штеген денес го имаше својот прв тренинг со својот нов клуб. Тој бранеше за германската репрезентација на 44 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Конте: Не сме на нивото на Лигата на шампионите
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми.
Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни.
„Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме разочарани. Имавме во вистински услови за победа и пласман во плејофот. Можеме да имаме илјада изговори, но тие не вредат, бидејќи натпреварот одеше толку добро во тие околности, што мораше да победиме“, рече Конте.
Наполи моментално е на 23-то место на табелата на ЛШ со осум бода.
„Четврти натпревар по ред покажавме дека се мачиме. Имавме целосна контрола, со 11 играчи против 10, па дури и ако ви недостасуваат 10 играчи и се чувствувате уморни, мора да победувате во вакви натпревари. Едноставно – мора. Постои разочарување, бидејќи не успеавме, па затоа е очигледно дека нашето ниво не е соодветно за ова натпреварување во моментов. Имаме само осум бода во Лигата на шампионите, сите мора да ја прифатиме вината. Во оваа ситуација, мора да победите“, нагласи Конте.
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат Челзи во последното, осмо коло од Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos

