Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од СДС немаат отчет, затоа што една година им помина во криминал и неработа
Градоначалниците од СДС немаат отчет, затоа што една година им помина во криминал и неработа. Една општина каде градоначалникот е од редовите на СДС немаше отчет. Нема отчет во Центар, Струмица, Валандово, Дојран, Пробиштип. Ниту еден од градоначалниците од СДС нема со што да се пофали, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека за разлика од СДС, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат инвестирано над 120 милиони евра во проекти за само една година, тоа е безмалку исто колку што владата потрошила на проекти. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ акцент ставаат на инфраструктурата, образованието, спортот и културата. Не се заборавени ниту социјално ранливите категории. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат за доброто на сите во своите општини.
Разликата ја гледа народот. Додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се помеѓу народот и ги решаваат нивните проблеми, тие од СДС се затворени во своите кабинети, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

