Спорт
САД, најмлада репрезентација на Светското првенство

Селекторот на САД Грег Берхалтер го објави списокот на патници за Светското првенство во Катар. Американците со просек од 25 години и 175 дена ќе бидат најмладата репрезентација на Мундијалот. Девет фудбалери се помлади од 23 години: Тајлер Адамс (23), Бренден Аронсон, Серџо Дест, Дош Сарџент, Тимоти Веа (22); Хесус Фереира (21); Јунус Муса, Џовани Реина и Џо Скали (19).
Најискусни во оваа репрезентација се 29-годишниот Деандре Једлин (75 натпревари за САД) и 35-годишниот стопер на Фулам, Тим Ром.
САД се во Б-групата заедно со Англија, Велс и Иран. Првиот натпревар ќе го одиграат на 21 ноември против Велс.
Голмани: Итан Хорват (Лутон), Шон Џонсон (Њујорк Сити), Мет Тарнер (Арсенал);
Дефанзивци: Камерон Картер Викерс (Селтик), Сежињо Дест (Милан), Арон Лонг (Њујорк Ред Булс), Шек Мур (Нешвил), Тим Ром (Фулам), Ентони Робинсон (Фулам), Џо Скали (Борусија Менхенгладбах), Деандре Једлин (Интер Мајами), Вокер Цимерман (Нешвил);
Ред за врска: Брендан Аронсон (Лидс), Келин Акоста (Лос Анџелес), Тајлер Адамс (Лидс), Лука де ла Торе (Селта), Вестон Мекени (Јувентус), Јунус Муса (Валенсија), Кристијан Ролдан (Сиетл);
Напаѓачи: Хесус Фереира (Далас), Џордан Морис (Сиетл), Кристијан Пулишиќ (Челзи), Џовани Реина (Борусија Дортмунд), Џош Сарџент (Норвич), Тимоти Веа (Лил) и Хаџи Рајт (Анталија).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ со двајца играчи помалку го победи Баерн

Foto/ EPA/ERIK S. LESSER
Фудбалерите на ПСЖ изборија место во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД. Во третото четвртфинале на турнирот, ПСЖ го победи Баерн Минхен со 2:0 (0:0). Натпреварот мина во сенка на тешката повреда со која се здоби Џамал Мусијала во финишот на првото полувреме.
ПСЖ натпреварот со Баерн го заврши со двајца фудбалери помалку на теренот. Откако Десире Дуе постигна гол за 1:0 во 78.минута, пет минути подоцна црвен картон доби Пачо, а во 92.минута исклучен беше и поранешниот играч на Баерн, Лукас Ернандес. Точка на натпреварот стави Услам Дембеле во 96.минута.
ПСЖ во полуфиналето ќе игра против победникот од последното четвртфинале во кое се среќаваат Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
Спорт
(Видео) Донарума во солзи, ужасна повреда на Мусијала

Првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство во Атланта помеѓу ПСЖ и Баерн ја обележа ужасната повреда на Џамал Мусијала.
Третиот четвртфинален натпревар на Светското клупско првенство, кое се игра во Атланта, во најавата изгледаше како вистински фудбалски спектакл, а дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ги оправда очекувањата, барем до крајот на првото полувреме.
Пачо прво го блокираше Џамал Мусијала, а потоа интервенираше Џанлуиџи Донарума. Голманот на Италија успеа да ја фати топката во обид да стигне до топката, но во таа прилика незгодно го закачи и германскиот репрезентативец.
Мусијала остана да лежи на тревата во болки, а медицинскиот тим веднаш се упати кон теренот за да му помогне. Впчаток е дека станува збор за фрактура на зглобот.
Así le quedó el tobillo a Musiala. No se puede creer! pic.twitter.com/KiiuAaQHHW
— Mateo Aymard (@Mateoaymard) July 5, 2025
Донарума брзо ја сфати сериозноста на ситуацијата – се фати за главата и го „закопа“ лицето во дресот, видливо потресен од она што се случи.
Heavy emotions for Donnarumma as Musiala appears to have suffered a serious injury 🤕 pic.twitter.com/CvbzmFHDCU
— 433 (@433) July 5, 2025
Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA