Македонија
Блупринт групата за изборот на Абази: Процесот не беше доволно транспарентен
Блупринт групата за реформи во правосудството смета дека изборот на Ислам Абази, шеф на ОЈО-ГОКК е со недоволна транспарентност и со пропусти. Македонско здружение на млади правници, Институт за европска политика, Институт за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“, Хелсиншки комитет за човекови права, Центар за правни истражувања и анализа, Фондација Отворено општество – Македонија посочуваат дека за кандидатите немало доволно податоци во јавност, не се знаеле детали за нивната кариера, ниту пак јавно биле објавени биографиите.
„Имено, процесот на избор беше недоволно транспарентен, па за четирите кандидати недостасуваа податоци за професионалната кариера. Јавноста, а посебно стручната јавност, немаше можност да се запознае со предлог-програмата на кандидатите што би влеало доверба во процесот, а би влијаело на доверба во институцијата. Ова е особено важно ако се земе предвид дека станува збор за обвинител кој ќе раководи со Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, чии постапки се од висок интерес за јавноста, медиумски се експонирани и значително влијаат врз формирањето на мислењето и довербата на јавноста во обвинителството и судството во целина“, забележуваат од Блупринт групата за реформи во правосудството.
Според нив, не се запазени ниту ниту минимум стандарди за изборот да биде оценет како транспарентен.
„Блупринт групата укажува дека не се запазени ниту минимум стандарди за изборот да биде оценет како транспарентен, затоа што биографиите на кандидатите со нивните професионални компетенции не беа објавени на веб-страницата на Советот на јавни обвинители, кој ги спроведува изборите. Блупринт групата изразува загриженост и за начинот на објавување на неофицијалните информации за изборот на Основниот јавен обвинител на ОЈО-ГОКК пред официјално да бидат собрани гласовите од страна на Комисијата за спроведување на изборите и очекува објективно и непристрасно известување базирано на докази и официјални извори“, додаваа оттаму.
Според од Блупринт групата за реформи во правосудството, неопходно е да се зголеми транспарентноста, за да нема сомнежи при изборот, кои пак, влијаат на довербата на институциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

