Економија
Андонов: Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар ќе бидат вратени на слободниот
Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар, изјави соработникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов
На медиумскиот интерес за тоа како ќе се постапи со манипулациите на 12.000 фирми во земјава што се вратиле сами на регулираниот пазар, Андонов, истакна дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем.
„Со таа одлука точно е наведено дека доколку наведените правни лица до крајот на годината не се вратат самите на слободниот пазар, операторот на дистрибутивниот систем, како носител на лиценца која функционира врз основа на Законот за енергетика, ќе има обврска автоматски од први јануари 2023 година истите да ги врати на слободниот пазар“, информираше Андонов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Американскa компанија ќе инвестира во Македонија, објави Мицкоски од Вашингтон
По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија, објави на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски, кој се наоѓа во посета на Вашингтон.
Се работи за компанија којашто е дел од 500. најголеми компании во САД, а се занимава со производство на сопирачки за шински возила.
„Остварив средба со извршниот потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра“, соопшти Мицкоски додавајќи дека поголем извоз гарантира подобра иднина.
Претходно, од владината прес-служба информираа дека посетата на Мицкоски има за цел да ги зајакне билатералните односи со САД, да ја афирмира Македонија како стабилен партнер и да ги промовира економските можности на нашата земја пред американските инвеститори.
Економија
Средба Божиновска – Агелер: Поддршка од САД за размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Ангела Агелер.
Како што известува Министерството, на средбата се разговарало за новоформираното министерство за неговите цели, активности и проекти.
Министерката Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со оние на Европската Унија во делот на енергетиката.
Неопходно е зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји, истакна Божиновска имајќи предвид дека стратешката определба која е во насока на зајакнување на односите со нашиот партнер САД.
На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката и обновливите извори на енергија, се наведува во соопштението на Министерството.
Економија
Зголемување на цените на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 1.7.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,641 %, кај дизелот зголемувањето е во просек 1,924 % , кај екстра-лесното масло зголемувањето е во просек 1,125 % и кај „мазутот“ зголемување во просек околу 2,178 % поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно приспособување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок з,355 %.
Од 9.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 84,00 (денари/литар)
– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 86,00 (денари/литар)
– дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
– „мазут М-1 НС“ – 48,634 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат1,00 денар/л.
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,626 денари/кг.