Спорт
Роналдо на својот петти мундијал пак ќе ги предводи Португалците
Кристијано Роналдо ќе игра на своето петто Светско првенство откако португалскиот селектор Фернандо Сантош го објави 26-члениот состав за Катар, во кој изненадувачки нема место за Ренато Санчес од Пари Сен-Жермен.
На Роналдо му се приклучуваат уште двајца соиграчи од Манчестер јунајтед, Диого Далот и Бруно Фернандеш, а во нападот ќе му помагаат Рафаел Леао од Милан и Жоао Феликс од Атлетико Мадрид. Од тимот отсуствува Диого Жота од Ливерпул, кој е повреден исто како и крилото на Вулверхемптон, Педро Нето.
Португалија е во групата Х во Катар со Гана, Уругвај и Јужна Кореја по тешкиот пат до мундијалот – го загуби првото место во квалификациската група од Србија по што ги победи Турција и Македонија во баражот. Ова е најдобра серија од пет мундијали во низа, на кои Португалија се квалификувала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Болоња на чекор до пласман во ЛШ
Фудбалерите на Болоња забележаа многу важна победа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.
Болоња го победи Наполи со 2:0.
Избраниците на Тиаго Мота, победникот го решија во раната фаза од натпреварот. Најпрво Ендој погоди во деветтата минута, а три минути подцна предноста ја зголеми Пош.
Наполи можеше да ја намали предноста на гостите во 21. минута, но Матео Политано промаши пенал.
Болоња со 18. победа во сезоната дојде на чекор до пласман во Лигата на шампионите, прв во клупската историја.
Во следното коло Болоња ќе го пречека Јувентус.
Спорт
Буденхолцер e новиот тренер на Феникс Санс
Американскиот кошаркарски стручњак Мајк Буденхолцер е новиот тренер на Феникс Санс, објави НБА.
Тој го замени Френк Вогел на клупата на Феникс, кој во четвртокот доби отказ по една сезона во клубот.
Од Феникс не ги соопштија деталите од договорот, а американските медиуми објавија дека договорот е на пет години и е вреден околу 50 милиони долари.
Во 2021 година, Буденхолцер ја освои титулата со Милвоки. Тогаш Буденхолцер со Милвоки го победи токму Феникс.
Феникс никогаш не ја освоил титулата, а во својата 56-годишна историја три пати играл во големото финале.
По пет години во Милвоки, двократниот добитник на наградата за најдобар тренер на НБА, Буденхолцер доби отказ во 2023 година, по што замина на едногодишен одмор.
Спорт
Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо
Динамо Загреб, вечерва ја обезбеди 25.шампионска титула во првенството на Хрватска. „Модрите“ го победија Осиек со 1:0, а титулата ја обезбедија багодарение на поразот на Риека во Вараждин (3:1).
Риека, во минатото коло загуби од Динамо на домашен терен и очигледно по тој пораз остнаа без амбиции. Нивниот пораз од Вараждин го искористи Динамо, победи со голот на Аријан Адеми во 73.минута и ја обезбеди титулата.
Динамо по 25. стана шампион, Хајдук има шест титули, Риека и Загреб освоија по една шампионска титула. Овие четири тима се единствените хрватски шампиони од 1991 година.