Свет
Орбан: Санкциите не ја ослабуваат руската, туку европската економија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека целта на западните санкции е да ја ослабат Русија, но се случува спротивното и ја ослабува европската економија.
– Нашите европски економии забрзано одат кон рецесија – посочи тој.
Орбан смета и дека Европската Унија сè повеќе се вклучува во конфликтот во Украина.
– Ние во Европската Унија прво решивме да испорачаме оружје, првично само несмртоносно, потоа ЕУ почна да испраќа и смртоносно. Сега украинските војници се обучуваат на територијата на европските земји, а во блиска иднина ќе биде донесена одлука за преземање на економскиот товар на украинската економија. На овој начин сè повеќе се вклучуваме во овој конфликт – објасни Орбан.
Тој изрази надеж за што поскоро воспоставување мир во Украина и додаде дека само мир може да стави крај на кризата со храна и енергија.
Според него, Унгарија е „заинтересирана за соработка меѓу Истокот и Западот“.
Орбан заклучи дека сите кои одбиваат таква соработка се во загуба, пренесе Новости.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.