Свет
Лажна тревога во авион на „Емирати“, Грција подигна два борбени авиона Ф-16
Авион на „Емирати“ со 228 патници и 18 членови на екипажот, кој синоќа тргна од атинскиот аеродром за Њујорк, мораше да се врати во Атина „на преглед“, но алармот беше лажен, изјави полициски извор.
„По информациите од странските власти дека во авионот имало сомнително лице, грчката полиција наредила авионот да се врати на меѓународниот аеродром ‘Елефтериос Венизелос’ во Атина на проверка“, изјавила за АФП портпаролката на грчката полиција.
Авионот на Емирати ЕК-210, придружуван од два борбени авиона Ф-16, се вратил назад околу 45 минути по полетувањето од аеродромот во Атина. Тој слета синоќа околу 22:00 часот по локално време (20:00 часот по средноевропско време) на меѓународниот аеродром во Атина. Полициски извор изјави дека американските власти ја предупредиле грчката полиција дека во авионот има „сомнително лице“.
По извршената полициска проверка на сите патници и авиони, „не е идентификувано лицето на кое се однесуваат информациите, ниту, пак, други сомнителни елементи“, се вели во соопштението на грчката полиција.
Авионот треба да полета за Њујорк в петок, според извори од аеродромот. Непосредно пред враќањето на овој авион, уште еден авион на Емирати на летот за Дубаи беше прегледан синоќа пред да полета од аеродромот во Атина. Властите не пронајдоа никого сомнителен и авионот на крајот полета од Атина со пет часа задоцнување, изјави извор од грчкиот аеродром, пренесе Индекс.хр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.