Регион
Дачиќ: Не можеме да го прифатиме планот според кој Косово е независна држава
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека основите на француско-германскиот план за Србија се неприфатливи бидејќи планот најпрво поаѓа од фактот дека Косово е независно.
Првиот потпретседател на Владата рече дека Србија не може да поддржи политичко решение за тоа како треба да изгледа Косово како независна држава доколку прашањето за независноста не е решено.
„Нашите одлуки за воведување санкции против Русија и директно и индиректно имаат влијание врз нашата позиција во однос на Косово, ако го направиме тоа малку ќе ги налутиме нашите традиционални пријатели“, рече Дачиќ во гостување на ТВ Пинк.
Тој додаде дека Србија треба да биде насочена кон своите национални интереси.
„Србија ризикува многу со воведувањето санкции кон Русија, нема гаранција дека нема да ги загрози нејзините национални интереси. Немаме гаранција од некој од Запад дека овие интереси ќе бидат заштитени“, изјави шефот на дипломатијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кси Џинпинг му подари скулптури на Вучиќ кои го симболизираат кинеско-српското пријателство
За време на официјалната посета на Белград, кинескиот претседател Кси Џинпинг на српскиот претседател Александар Вучиќ му подари скулптури на Небесниот храм во Пекинг и Храмот на Свети Сава изработени од челик.
Фотографија на Кси Џинпинг и Вучиќ во присуство на нивните сопруги кои ги гледаат подароците беше објавена на интернет од страна на помошничката министерка за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг, а пренесена од Спутник.
President Xi gifted President Vučić sculptures made of steel produced by the HBIS Smederevo steel plant. pic.twitter.com/66Mh5cae5v
— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) May 9, 2024
Таа во најавата наведе дека на скулптурите се претставени небесниот храм во Пекинг и храмот Свети Сава во Белград, кои го симболизираат кинеско-српското пријателство.
Регион
Вучиќ до Силјановска-Давкова: Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија
Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ ја честита победата на Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.
„Ѝ честитам на Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија, со цел напредок и благосостојба на нашите народи, како и просперитет на целиот регион“, изјави Вучиќ на платформата „Икс“.
„Многу ми значат вашите честитки“, му одговори Силјановска-Давкова на Вучиќ по упатената честитка.
„Вашите искрени честитки ми значат многу, претседателе Вучиќ. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на одличните македонско-српски односи. Ви благодарам многу, претседателе Вучиќ“!, напиша таа во својот одговор на социјалната мрежа X.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.