Македонија
Османи ги посети македонските војници во кампот Адази во Латвија
Во рамки на својата работна посета на Република Латвија министерот за надворешни работи, Бујар Османи, го посети кампот Адази, каде во склоп на Мултинационалната борбена група на НАТО, под команда на канадскиот потполковник Филип Сауве, а како дел од словенечкиот контингент, учествуваат девет војници од Армијата на Северна Македонија од родот АБХО.
При посетата на кампот, Османи се сретна со командантот на НАТО борбената група, Игорс Харлапенковс, и оствари кратка средба со нашите војници.

Во оваа пригода, Османи посебно ја нагласи важноста на одлуките кои произлегуваат од Самитот на НАТО во Мадрид, за зајакнување на одбранбената поставеност на НАТО со цел зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на земјите членки на НАТО.
„Учеството во мултинационалните борбени групи, односно зајакнатото истурено воено присуство во Латвија, говори за нашата посветеност кон безбедноста и стабилноста на целата евро-атлантска област, вклучително и во источниот дел на Алијансата, во време кога е тоа најпотребно”, рече Османи, додавајќи дека истовремено Република Северна Македонија на дело покажа дека е цврсто определена, заедно со сојузниците за обезбедување помош и поддршка на Украина, на билатерална основа и преку механизмите за помош кои ги користи НАТО.
Припадници од Армијата на Република Северна Македонија од јуни 2022 година се дел од Зајакнатото истурено присуство во Латвија (Enhanced Forward Presence- ЕFP) во рамки на словенечкиот контингент каде рамковна нација е Канада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

