Спорт
Мурињо би можел да го наследи Анчелоти во Реал
Португалскиот тренер Жозе Мурињо би можел да се врати во Реал Мадрид.
Како што пишува италијанска „Република“, Мурињо би можел повторно да седне на клупата на „кралскиот клуб“ на крајот од актуелната сезона.
Мурињо од 2021 година е тренер на Рома. Во првата сезона го освои трофејот во Конференциската лига.
Сепак враќањето на Мурињо на „Сантијаго Бернабеу“, ќе зависи од Карло Анчелоти, односно дали искусниот Италијанец ќе реши да се повлече на крајот од оваа сезона.
Мурињо беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година, кога си замина на неговото место дојде Анчелоти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дрес на Леброн Џејмс продаден за 1.300.000 долари
Дресот на Леброн Џејмс од средношколските денови, на аукција е продаден се рекордни 1.300.000 долари.
Дресот од училиштето Сент Винсент-Сент Мери, кој го носеше Леброн се „прослави“ на насловната страница на легендарниот магазин „Sports Illustrated“ во 2002 година, е продаден по трет пат во последните пет години.
Аукцијата ја организираше „Julien’s Auctions“ од Беверли Хилс, а го привлече вниманието на голем број колекционери ширум светот.
Леброн во последниот натпревар од сезоната постигна 32 поени во овој дрес и тоа го означи почетокот на неговиот пат во НБА.
Спорт
Доживотна забрана за навивачот кој го прекина „Мадрилењо“
Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид соопшти дека на навивачот кој фрлаше предмети на теренот, во неделата на дербито против Реал, му изрекол доживотна забрана за влез на стадионот.
Поради тоа беше прекинат натпреварот против Реал (1:1) на стадионот „Метрополитано“ во неделата.
Натпреварот беше прекинат во 69. минута кога голманот на Реал, Тибо Куртоа, поранешен Атлетико, му се пожали на судијата дека ултрасите на Атлетико фрлаат со разни предмети кон него.
Тренерот на Атлетик Диего Симеоне и неколку играчи се обидоа да ги смират навивачите, но натпреварот мораше да биде прекинат и од играчите беше побарано да се вратат во соблекувалните. Натпреварот продолжи десет минути подоцна.
„Нашата безбедносна служба продолжува да работи со полицијата за идентификување на останатите кои трајно ќе бидат исфрлени од стадионот“, се вели во соопштението на клубот.
Спорт
(Видео) И покрај забраната навивачите на Црвена звезда се во Милано
Фудбалерите на Интер и Црвена звезда вечерва во Милано ќе играат во рамките на второто коло во Лигата на шампионите. На навивачите на Црвена звезда италијанските власти им збранија да присуствуваат на натпреварот. И покрај забраната ултрасите на клубот од Блеград синоќа имаа свој перформанс низ улиците на Милано.
Група од 50 навивачи прошетаа низ улиците на Милано, пеејќи ги песните на Звезда, а крајната дестинација беше хотелот во кој беа сместени играчите.
Тие дојдоа пред хотелот со запалени факели, а играчите предводени од Владан Милојевиќ излегоа пред хотелот и ги поздравија.
30.09.2024, Delije (Zvezda🇷🇸) are currently in Milan 🇮🇹despite the ban of the Italian police and the state, check more photos, info here: https://t.co/OF8qb5aLli pic.twitter.com/g1fCPCgOcg
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) September 30, 2024
„Ајде зошто такви мрачни лица, луѓе дојдоа овде 2500 км во двата правци само за да ве поддржат. Не можеме утре да дојдеме на стадионот поради законот, поради полицијата на која сега и пеевме, дојдовме само за да ве поддржиме. Кога ќе излезете на терен нема од што да се плашите, одиграјте добар натпревар. Веројатно бевте подобар противник против Бенфика (против која Звезда загуби со 1:2 дома во првото коло), не успеавте. Играј на ист начин утре.
Немате од што да се плашите, тие се силен противник, нека во главите ви бодат луѓето кои поминаа 2500 километри само за да ве поддржат овде. Уште нешто да ви кажам, ако не се плашеше цела Италија од Црвена звезда и нејзините навивачи, сигурно ќе имаше 5000-6000 луѓе на стадион, тоа ви го гарантирам.
Но бидејќи цела Италија се плаши од Црвена звезда, која е голем клуб, и нејзините навивачи, покажете им дека се плашеа со причина. И не плашете се од ништо, знаете да играте фудбал, ние сме со вас. Тоа е онолку колку што можеме сега“, им порача на фудбалерите водачот на „Делиите“.