Спорт
„Ел Локо“ се враќа во Премиер лигата
Марсело Биелса повторно би можел да работи во Премиер лигата. Атлетик, тврди дека газдите на Борнмут, во Лас Вегас на оваа тема разговарале и со потенцијално новиот газда на клубот, Бил Фоли.
Да потсетиме, 67.годишниот Ел Локо (лудак) Биелса, во февруари доби отказ од Лидс јунајтед и оттогаш е без работа. Од друга страна, Борнмаут го отпушти Скот Паркер во август по поразот од Ливерпул со 9:0, а тимот го предводи Гери О’Нил како привремен тренер, Медиумите во АНглија пишуваат дека О’Нил нема да добие нов договор.
Иако тимот добро влезе во сезоната во Премиер лигата, сега е на 17. место на табелата со 13 бодови, еден над зоната за испаѓање.
Биелса претходно во кариерата работеше во Атлетик Билбао, Марсеј, Лацио, Еспањол и Лил, а беше и селектор на Аргентина и Чиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дејвид Мојс по 12 години се врати во Евертон
Шкотскиот стручњак Дејвид Мојс се врати во Евертон. 61-годишникот од Глазгов на клупата го наследи Шон Дајч, кој доби отказ во четвртокот.
Дајч доби отказ, поради лошите резултати, Евертон е 16-ти во Премиер лигата, само еден бод над зоната за испаѓање. Клубот од Гудисон Парк има само три победи од 19 натпревари во Премиер лигата.
Евертон го победи третолигашот Питерборо Јунајтед со 2-0 во третото коло од ФА Купот во четвртокот, при што тимот го водеа капитените, поранешниот и сегашниот, Лејтон Бејнс и Шејмус Колман.
Мојс во Евртон се врати по 12 години, претходно го предводеше клубот од 2002 до 2013 година. Во 2013 се пресели во Манчестер јунајтед како наследник на неговиот познат сонародник Алекс Фергусон, но тој беше отпуштен по 10 месеци. Тој подоцна беше тренер на Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест Хем во два наврати и ја освои Конференциската лига на УЕФА со клубот од Лондон во 2023 година.
Спорт
Монфис стана најстариот шампион на АТП турот во историјата
Гаел Монфис испиша историја на турнирот во Окленд, стана најстариот шампион од 1990 година кога е основан АТП тур. Французинот со 38 години и четири месеци го собори рекордот на Роџер Федерер од Базел 2019 година, тогаш Швајцарецот триумфираше на возраст од 38 години и два месеци.
„Многу ми значи овој триумф“, рече Монфис по победата над Белгиецот Зизу Бергс со 6:3, 6:3 и дополни.
„Годините се само бројка. Продолжувам да работам, да верувам дека можам да играм квалитетен тенис и тоа го покажав оваа недела. Многу сум среќен“.
Еден од најхаризматичните тенисери сега има 13 трофеи во кариерата. Инаку првиот трофеј во кариерата, Монфис го освои во далечната 2005 година во Сопот, Полска.
Спорт
Синер во април ќе се појави пред судот во Лозана
Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, ќе се појави пред Судот за спортска арбитража (CAS) во април. Овој суд ќе одлучува по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) која бара да биде суспендиран на најмалку еден година за допинг.
Судот од Лозана објави дека сослушувањето ќе се одржи зад затворени врати за 16 и 17 април.
Се очекува пресудата да биде изречена по забрзана постапка, пред почетокот на Ролан Гарос, кој започнува на 25 мај.
ВАДА ја оспорува минатогодишната одлука на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот, која одлучи да не го суспендира Синер, наведувајќи дека ненамерно (случајно) се контаминацирал со забранети супстанции.
Агенцијата го прифати објаснувањето на Синер дека трагите од клостебол во неговиот допинг примерок ги предизвикал физиотарапевтот на тенисерот кој ја користел супстанцијата за време на масажа.