Спорт
Сари: Само ПСЖ и Сити ќе профитираат од СП во Катар
Маурицио Сари победи против Монца (1:0) и со Лацио се искачи на второто место во Серија А. Сепак тој не е среќен пред утрешното дерби против Јувентус.
На новинарско прашање што мисли за големата пауза што следува на средината на сезоната поради Светското првенство, бидејќи натпреварот со Јуве ќе му биде последен до почетокот на јануари следната година, Сари одговори:
„Сметам дека тоа е навреда за фудбалот. Би сакал некој да ми објасни што какви добри работи на фудбалот ќе му донесе СП во Катар. Се разбира, освен парите за Манчестер сити и ПСЖ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Џет сет
Медведев стана татко по вторпат
Рускиот тенисер Данил Медведев изненади со новогодишна честитка за 2025 година.
Медведев ретко е виден во јавноста, не учествува на ниту еден подготвителен турнир за Австралија опен, а сега е позната причината.
Данил стана татко по вторпат.
Тој објави фотографија од болница, на која се гледаат тој, неговата ќерка Алиса и бебето.
Светскиот рекет број пет е видно отсутен и допрва треба да отпатува за Мелбурн.
Првиот Грен слем е закажан за 12-26 јануари, а Медведев минатата сезона стигна до финалето каде по голем пресврт беше поразен од Јаник Синер.
Спорт
Аргентинецот Солер се пресели во Борнмут
Аргентинскиот фудбалер Хулио Солер се пресели од Ланус во Бурнмут, соопшти англискиот клуб.
Како што беше најавено, 19-годишниот лев бек потпиша повеќегодишен договор со клубот.
Солер минатото лето беше дел од олимпискиот тим на Аргентина. Англиските медиуми објавија дека трансферот е тежок 14 милиони евра.
Аргентинецот е второто засилување на Бурнмут во актуелниот преоден рок, пред него клубот се засили со американскиот дефанзивец Матаи Акинбони, кој пристигна од Ди-си Јунајтед.
Спорт
Сон останува во Тотенхем до летото 2026 година
Тотенхем ја искористи клаузулата од договорот и го продолжи договорот на Сон до летото 2026 година, беше потврдено во вторникот.
Хјеон Мин Сон пристигна во Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен. Оттогаш, тој одигра 431 натпревар за Спарс, постигнувајќи 169 гола.
Само во Премиер лигата, јужнокорејскиот репрезентативец забележа 320 настапи, 125 гола и 68 асистенции.
Оваа сезона одигра 17 натпревари во Премиер лигата за Тотенхем, постигнувајќи пет голови и асистенција на шест пати.
Тотенхем веста за продолжување на соработката ја објави ден пред полуфиналниот натпревар од Лига купот во кој ќе ги одмери силите со Ливерпул.