Спорт
По гол за Елмас и Несторовски – Наполи го победи Удинезе
Наполи го победи Удинезе со 3:2 и како лидер ќе го дочека вториот дел од сезоната. По гол на овој натпревар постигнаа македонските репрезентативци Елиф Елмас и Илија Несторовски.
Уште од ерата на Диего Марадона, Наполи ја чека шампионската титула. Впечатокот е дека оваа сезона наполитанците можат да го прекинат 33.годишниот пост. Но само доколку не играат како во последните 15 минути, кога му дозволија на Удинезе да внесе максимална неизвесност во натпреварот.
Блескаше на овој меч Елиф Елмас, кој најпрвин му асистираше на Осимен во 15.минута за 1:0, а потоа изведе минијатура кога го сголеми водството на Наполи во 58.минута на 3:0. Зјелински по додавањето од Лозано го постигна вториот гол за Наполи.
Во финишот Удинезе опасно се закани, со головите на Несторовски во 79. и Самарџиќ во 82.минута.
Наполи е убедливо прв на табелата во Серија А, во 15 рунди, тимот на Спалети од можните 45 освои 41 бод. Победата над Удинезе беше 11 по ред сезоната што е нов клупски рекорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Литлер (17) стана најмладиот светски шампион во пикадо
Лук Литлер (17) е новиот светски шампион во пикадо. Вундеркиндот во финалето го победи трикратниот светски шампион Мајкл ван Гервен со 7:3 во сетови. Литлер стана најмладиот светски шампион, а претходен рекордер беше Ван Гервен, кој ја освои својата прва титула во 2014 година на 24 години.
Младиот Англичанец го потврди статусот на фаворит во финалето против 18 години постариот Холанѓанец и со доминантен настап оствари убедлива победа.
Благодарение на победата во финалето, Литлер ќе заработи половина милион фунти и ќе се искачи на второто место на светската ранг-листа. Лук Хемфрис се уште е на врвот.
Спорт
(Видео) Белингем промаши пенал, па погоди во 96.минута за триумф над Валенсија – Винисисус го удри Димитриевски и доби црвен картон и
Фудбалерите на Валенсија и Реал Мадрид вечерва на „Месталја“ го одиграа натпреварот од 12. коло, кој беше одложен во октомври поради поплавите кои го погодија овој дел од Шпанија.
Во турбулентен натпревар со многу пресврти, Реал во последните минути дојде до победа од 2-1 со играч помалку.
Уго Дуро го постигна воведниот гол за Валенсија, додека Лука Модриќ израмни во 85.минута, Џуд Белингем направи целосен пресврт во 96.минута, по катастрофалните грешки на Фулкие и Гиљамон.
Столе Димитиревски во првиот дел имаше две брилијантни интервенции, на стартот од мечот кога го сопре ударот на Валверде и во финишот на првиот дел кога му одбрани на Винисиус.
Џуд Белингем во 55.минута не реализираше пенал, топката заврши во стативата, а четити минути подоцна ВАР го поништи голот на Мбапе.
Во 80. минута Винисиус Жуниор доби директен црвен картон. Крилниот напаѓач на Реал Мадрид го удри Димитриевски и беше исклучен по прегледот на снимката.
Валенсија имаше шанса во 100.минута да изедначи, но по соло акцијата на Риоха и ударот што го упати од 20 метри топката заврши во стативата.
На овој натпрвар Лука Модриќ со 39 години и 116 дена стана најстариот играч кој постигнал гол за Реал Мадрид на официјален натпревар. Тој го собори рекордот на Ференц Пушкаш од 1966 година. Тој постигна гол на 39 години и 15 дена.
Реал Мадрид победи и се искачи на првото место во поредокот во Ла Лига со 43 бода, два повеќе и натпревар повеќе од градскиот ривал Атлетико.
Спорт
(Видео) Совршено деби за Консеисао – Милан со пресврт го победи Јувентус
Фудбалерите на Милан се пласираа во финалето на италијанскиот Суперкуп, откако во Ријад, во второто полуфинале го победија Јувентус со 2:1 (0:1).
„Старата дама“ од Торино имаше се во свои раце во поголемиот дел од натпреварот, откако поведе во 21. минута со голот на Кенан Јилдиз.
Од тој момент, Тиаго Мота реши да ги повлече своите играчи, во обид на тој начин да ја контролира играта без многу ризик.
Тренерот на Јувентус во 65.минута го повлече од теренот единствениот класичен напаѓач, Душан Влаховиќ и од тој момент неговиот тим стана целосно безопасен.
Ваквата определба му се удри од глава во следните 10 минути.
Најпрво во 70. минута Локатели аматерски реагираше, направи пенал, кој Кристијан Пулишиќ го претвори во 1:1.
Пет минути подоцна, Федерико Гати си постигна автогол по центаршутот на Муса од десната страна.
До крајот „бјанконерите“ залудно напаѓаа, без идеја и шанса се до последните секунди кога Гати промаши голема шанса.
На овој натпревар на клупата на Милан дебитираше новиот тренер Сержо Консеисао.
Финалето во Суперкупот ќе се одигра во понеделник, противник на Милан ќе му биде градскиот ривал Интер.