Спорт
Интер го освои Бергамо, Џеко ја реши Аталанта
Интер стигна до десеттата победа во Серија А оваа сезона откако славеше со 2:3 на гости против Аталанта во Бергамо. „Нероаѕурите“ сега имаат 30 бода и се наоѓаат на четвртата позиција.
Адемола Лукман во 25.минута донесе предност за Аталанта од пенал, но Един Џеко израмни со голот во 36.минута.
Босанскиот интернационалец во 56.минута се погрижи за пресврт, а потоа Паломино си постигна автогол во 62.минута.
Хозе Паломино во 77.минута постигна гол и во мрежата на Интер за 2:3, но Аталанта немаше сили за израмнување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ПАО му дава нов и посилен договор на повредениот Лесор
Францускиот центар Матијас Лесор ќе отсуствува четири месеци поради скршеница на ногата, но тоа нема да го спречи Панатинаикос да го продолжи договорот.
Лесор се повреди на натпреварот против Басконија во четвртокот, кога плачејќи и со големи болки го напушти теренот, а подоцна беше утврдено дека настанала скршеница на фибулата.
Како што пренесува грчки Спортдог, сопственикот на Панатианикос, Димитрис Јанакопулос подготвил нова понуда за Лесор и покрај тоа што се уште не се знае кога ќе се врати на паркетот.
Лесор моментално заработува 1,7 милиони долари по сезона, а новиот договор што го нуди раководството на ПАО треба да биде уште попрофитабилен.
Французинот во Атина пристигна од Партизан во летото 2023 година и потоа потпиша двегодишен договор.
Лесор имаше операција во петокот, а поради должината на неговото опоравување, олимпискиот вицешампион потенцијално ќе може да биде со полна сила не само за Ф4, доколку ПАО се квалификува, туку и надвор од плеј-офот, кој започнува на 22 април.
Спорт
Веслачите од Горица Ремо, Охрид отпатуваа за Палиќ, Република Србија
На покана на Веслачкиот клуб Палиќ, Србија, охридските веслачи отпатуваа на ROWLE ERGO штафета 2024, која ќе се одржи викендов во Палиќ.
Овој несекојдневен натпревар е дел од проектот ROWLE како состав од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија.
Натпреварувањето е од штафетен карактер и е наменет за сите возрасни категории од пионерска па се до ветеранска.
Веслачкиот клуб Горица Ремо ќе се натпреварува во кадетска конкуренција каде ќе настапи Андреј Крстески, додека во сенироска конкуренција боите на клубот ќе ги бранат Исабела Димоска и Александра Маленкоска.
Целта на ова натпреварување претставува промоција на спортот и физичката активност, како и јакнењето на прекуграничната соработка помеѓу учесниците.
Спорт
Според обложувалниците Усик е фаворит против Фјури
Најдобрите светски боксери во тешка категорија, Олександр Усик (37) и Тајсон Фјури (36) ќе се борат околу 22 часот во Ријад во реваншот за три од четирите главни светски шампионски појаси. Украинецот во првиот меч со одлука на судиите го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, па победникот од оваа борба нема да го освои тој појас.
Усик во борбата влегува со тежина од 102,5 килограми, додека Фјури тежи 25 килограми. Фјури најави вакво нешто затоа што истакна дека тактиката му била погрешна на првиот меч кој Усик го доби. Сега најави дека ќе го „бомбардира“ Украинецот со тешки удари од стартот во мечот за титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО.
Британецот само еднаш загуби во својата професионална кариера, која започна во 2008 година, и тоа од Украинецот во нивниот меч на 17-ти февруари оваа година. Вклучувајќи го и ремито против Деонтеј Вајлдер од борбата одржана во 2018 година, тој има 34 победи. Усик ги доби сите свои борби досега. Направи 22 од нив.
Коефициентот за негова победа е 1,65, а за победа на Фјури 2,10.