Спорт
Рома избегна пораз од Торино, Белоти не реализира пенал
Рома успеа да се спаси од пораз од Торино на „Олимпико“, играјќи 1:1. Немања Матиќ ја спаси „волчицата“ со гол во судиското продолжение, а само две минути претходно Андреа Белоти пропушти да реализира пенал против својот поранешен клуб. Во судиското продолжение Пауло Дибала изнуди пенал, а Белоти го погоди дирекот. Дибала во следната акција ја погоди гредата, но Матиќ на крајот погоди во целта. Тренерот Жозе Мурињо не го дочека крајот на клупата со оглед дека доби црвен картон.
Торино поведе со голот на Керол Линети во 55.минута од дуелот.
Монца ја совлада Салернитана со 3:0, а Специја славеше на гости кај Верона со 1:2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Џет сет
Медведев стана татко по вторпат
Рускиот тенисер Данил Медведев изненади со новогодишна честитка за 2025 година.
Медведев ретко е виден во јавноста, не учествува на ниту еден подготвителен турнир за Австралија опен, а сега е позната причината.
Данил стана татко по вторпат.
Тој објави фотографија од болница, на која се гледаат тој, неговата ќерка Алиса и бебето.
Светскиот рекет број пет е видно отсутен и допрва треба да отпатува за Мелбурн.
Првиот Грен слем е закажан за 12-26 јануари, а Медведев минатата сезона стигна до финалето каде по голем пресврт беше поразен од Јаник Синер.
Спорт
Аргентинецот Солер се пресели во Борнмут
Аргентинскиот фудбалер Хулио Солер се пресели од Ланус во Бурнмут, соопшти англискиот клуб.
Како што беше најавено, 19-годишниот лев бек потпиша повеќегодишен договор со клубот.
Солер минатото лето беше дел од олимпискиот тим на Аргентина. Англиските медиуми објавија дека трансферот е тежок 14 милиони евра.
Аргентинецот е второто засилување на Бурнмут во актуелниот преоден рок, пред него клубот се засили со американскиот дефанзивец Матаи Акинбони, кој пристигна од Ди-си Јунајтед.
Спорт
Сон останува во Тотенхем до летото 2026 година
Тотенхем ја искористи клаузулата од договорот и го продолжи договорот на Сон до летото 2026 година, беше потврдено во вторникот.
Хјеон Мин Сон пристигна во Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен. Оттогаш, тој одигра 431 натпревар за Спарс, постигнувајќи 169 гола.
Само во Премиер лигата, јужнокорејскиот репрезентативец забележа 320 настапи, 125 гола и 68 асистенции.
Оваа сезона одигра 17 натпревари во Премиер лигата за Тотенхем, постигнувајќи пет голови и асистенција на шест пати.
Тотенхем веста за продолжување на соработката ја објави ден пред полуфиналниот натпревар од Лига купот во кој ќе ги одмери силите со Ливерпул.