Контакт

Македонија

Без струја делови од Карпош и Гази Баба

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– од 9 до 14 часот корисниците од улиците Беаз Куле и Гостиварска, корисниците од улицата Борис Сарафов, лоцирани околу старскиот дом во населбата Ѓорче Петров (општина Ѓорче Петров), како и корисниците од село Нерези (општина Карпош);

– од 9.30 до 12.30 часот корисниците од ул. 6 во село Стајковци, лоцирани во близина на „Оли шпед“ (општина Гази Баба).

Македонија

(Видео) Мисајловски: Продуктивни консултации, потврдена македонско-американската одбранбена соработка

Објавено пред

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски ја предводи македонската делегација во работната посета на Соединетите Американски Држави, придружуван од началникот на Генералштабот, генерал мајор Сашко Лафчиски.

dobivaj vesti na viber

Во Пентагон тој оствари низа средби меѓу кои и со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика.

„Со задоволство можам да истакнам дека имавме продуктивни консултации на кои што уште еднаш ја потврдивме македонско-американската одбранбена соработка, идните сојузнички приоритети, вклучувајќи ги учеството во заеднички вежби и обуки, придонесот кон глобалната безбедност и долгогодишното партнерство со Националната Гарда на Вермонт“, вели Мисајловски за посетата на САД.

За време на посетата на САД, министерот оствари работни средби и со Алтон Буланд , директор за ЕУ и НАТО политика во Канцеларијата на секретарот за одбрана, и со генерал потполковник Џонатан Стабс, Шеф на бирото на националната гарда на САД.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) ВРЕДИ: 100 дена на нови политики и борба против старите навики

Објавено пред

Денеска Коалицијата ВРЕДИ со слоганот “Преминуваме на дела“ први од Владината коалиција ги одбележаа 100-те дена на новата Влада, на настан на кој учествуваа лидерите, министрите, заменик-министрите, пратениците и останати вршители на високи должности и активисти.

dobivaj vesti na viber

Во својство на модератор, Заменикот премиер за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, ги истакна значајните достигнувања на коалицијата, вклучувајќи ги распределбата на 100 милиони евра за општините, зголемувањето на пензиите, борбата против коцкањето, создавањето 600 нови работни места за медицински специјализанти, како и формирањето на Албанската академија.

ВРЕДИ не е само алтернатива на ДУИ, туку е канализиран револт што има за цел да донесе посакувани промени за Албанците. Ова е можност дадена од народот, и ние ќе ја одржиме оваа доверба со чест и одговорност,“ изјави Фетаи.

Претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, потенцираше дека ВРЕДИ направи значителна разлика за овие 100 дена.

Оние што не постигнаа ништо за 22 години, ние направивме разлика само за 100 дена,“ рече тој.

Приоритетите на ВРЕДИ за иднината вклучуваат реформи во јавната администрација, енергетска транзиција и развој на човечки капитал. Исто така, Ибрахими ја објасни потребата од иницијативата за формирањето Албанската академија на науките како неопходен чекор за интегрирање на албанските интелектуалци и научната мисла.

Претседателот на Демократското движење и прв заменик-премиер, Изет Меџити, изјави дека ВРЕДИ претставува нов квалитет во политичкото претставување на Албанците.

Ние сме лидери во Владата, а не во партиските канцеларии. Времето кога лидерите стоеја настрана од одговорноста за владините политики заврши. Сега, секој ден сме во нашите канцеларии, решавајќи ги проблемите на граѓаните,“ изјави тој.

Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, кој се вклучи преку видео врска од САД, истакна дека албанските граѓани конечно се ослободени од 22-годишната власт.

Градиме иднина каде што моќта е во рацете на народот, а не во џебовите на корумпираните,“ рече Таравари, додавајќи дека Министерството за здравство сега функционира во служба на граѓаните, далеку од корупцијата.

Претседателот на Движењето БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами, ја критикуваше ДУИ за нејзините неуспеси, особено во областа на
децентрализацијата.

ВРЕДИ е тука за да ги исправи неправдите и да обезбеди дека албанските општини ќе имаат вистинска децентрализација, а не празни ветувања,“ рече тој.

Говорниците потенцираа дека следува институционална борба за санкционирање на сите девијантни појави на минатата Влада и остануваат цврсто посветени на изградба на посветла иднина за сите Албанци во оваа земја, со чесен пристап, транспарентност и доследност кон исполнување на предизборните ветувања.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Објавено пред

Демократската унија за интеграција смета дека губитниците на претседателските и парламентарните избори од Влен секојдневно не оддалечуваат од интеграцијата во Европската унија и ја приближуваат државата до стратешко партнерство и финансиска зависност од Кина и Русија.

dobivaj vesti na viber

„Одлуката на Европската унија да ја одвои Албанија од Северна Македонија во нашиот европски пат е најголемиот неуспех за владата со моноетнички легитимитет.

Ги потсетуваме граѓаните дека албанските партии кои ги загубија изборите потпишаа предизборна декларација и ветија дека никогаш нема да станат дел од влада без промена на уставот и деблокирање на европскиот пат на земјата.

Ветија и дека за три до шест месеци ќе го сменат уставот, во спротивно ќе излезат од владата.

Но, повторно ги излажаа и ги измамија граѓаните.

За само 100 дена ја оддалечија земјата од Европа, предизвикаа непријателства со Грција, Бугарија, Косово и Албанија, а притоа ја доближија до Србија, Унгарија, Русија и Кина.

ДУИ останува цврсто определени да продолжи да биде гардиан на нашето евро-американско партнерство и по ниедна цена нема да дозволи промена на западниот курс на државата“ се наведува во соопштeнието на ДУИ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

(Видео) Мисајловски: Продуктивни консултации, потврдена македонско-американската одбранбена соработка

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски ја предводи македонската делегација во работната посета на Соединетите Американски Држави, придружуван од началникот на...

Топ3 часа

Со скалпел го исекол на вратот и увото: обид за убиство на малолетник во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член...

Македонија4 часа

АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба поради зголемено присуство на манган и колиформни бактерии

Инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од...

Економија5 часа

Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина...

Македонија5 часа

Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана оти не се знае во чие владение е салата

Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не...

Економија9 часа

(Видео) „Продолжуваме со засилено темпо на работа“ – Николоски објави снимка од реконструкцијата на автопатот Тетово-Скопје

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската...

Свет9 часа

(Фото) Страшни поплави во Непал: најмалку 100 загинати, десетици исчезнати

Најмалку 100 лица загинаа во поплавите во Непал, додека 67 лица се водат како исчезнати, јавија денеска локалните медиуми. Одрони...

Свет9 часа

Израелската армија изведува десетици напади врз Либан по атентатот на моќниот лидер на Хезболах

Израелската армија денеска соопшти дека извршува десетици напади врз Хезболах во Либан, два дена по убиството на моќниот лидер на...

Свет10 часа

„Никогаш не сум видела толку луѓе без покрив над главата“ – ураган го опустоши југоисточниот дел на САД, најмалку 64 лица загинаа

Поројните дождови од ураганот Хелена оставија голем број луѓе без домови ширум југоисточниот дел на Соединетите држави, а во тек...

Македонија11 часа

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмежи и силен северен ветер

Заладувањето пристигна и во Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи...

Свет1 ден

(🔴 Во живо) Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, нова огромна експлозија го потресе Бејрут

Од минута во минута за најновите случувања на Блискиот исток! 🕑 22:06 Хезболах соопшти дека лансирал ракети со долг дострел...

Македонија1 ден

Промена на времето: УХМР за утре најавува дожд, силен ветер и драстичен пад на температурите

Управата за хидрометеоролошки работи најавува значителна промена на времето утре – дожд, засилен ветер и пад на температурата. Утре под...

Свет1 ден

Анкетите покажаа изедначеност на Трамп и Харис во клучните држави за победа на изборите

Резултатите од истражувањето спроведено од Њујорк тајмс и колеџот Сиена покажаа дека кандидатите на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд...

Регион1 ден

(Видео) Невреме во Словенија: по обилните дождови се излеа река, поплавени патишта, подруми и ниви

Реката Соча и нејзините притоки на запад од Словенија се излеаjа по обилните дождови во областа Бовец и поплавија патишта,...

Економија1 ден

(Видео) Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2.500 производи

„Денес имаме причина да се гордееме! Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ и донесен на 13...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

„СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери“, рече денеска на прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и...

Македонија1 ден

АХВ спроведе вонредни контроли во Кавадарци, недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница – изречени се парични казни

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредни инспекциски контроли и кај оператори со храна во...

Македонија1 ден

Средба на министерот Муцунски со МНР на Република Индија, Џаишанкар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба...

Свет1 ден

Убиен e лидерот на Хезболах, соопшти израелската армија

Израелската армија соопшти дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах е убиен. Во објава на X, израелската армија ИДФ соопшти дека...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот во САД однесе 44 животи, речиси 5 милиони граѓани без струја

Бројот на жртвите од ураганот Хелена, кој ги погоди САД, се зголеми на 44, а 4,6 милиони луѓе се без...