Македонија
Ковачевски – Рама: Северна Македонија и Албанија имаат заедничка цел за брза европска интеграција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама.
На средбата премиерите на двете земји ја потенцираа важноста за натамошно унапредување на билатералната соработка, која и сега е на високо ниво.
Премиерите дискутираа за потребата од зацврстување на соработката во повеќе сегменти, особено во овие турбулентни времиња на воени превирања и светска енергетска криза.
На средбата се дискутира и за евроинтегративните процеси на двете земји и за важноста од фокусирана посветеност, сè со цел земјите да станат полноправни членки до 2030 година. Премиерите Ковачевски и Рама на средбата посочија дека денешната меѓувладина седница е од исклучително значење,. од што бенефит ќе имаат двете држави и граѓаните во речиси сите области каде што има потенцијал за унапредување на соработката.
Премиерите Ковачевски и Рама се согласија дека добрите билатерални односи помеѓу двете земји се од голема важност и за економскиот развој, како и за продлабочување на бизнис-соработката меѓу стопанствениците од двете земји. Негувањето на добрите релации, поврзувањето на народите и инфраструктурното зајакнување меѓу двете земји е од голема важност за натамошен напредок, беше заклучено на состанокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).