Свет
Пукање на универзитет во САД, има жртви

Најмалку три лица загинаа, а двајца се ранети во пукотницата во неделата во кампусот на Универзитетот во Вирџинија во Шарлотсвил, а осомничениот, идентификуван како студент, останува во бегство, изјави денеска претседателот на универзитетот, Џим Рајан.
Кампусот сега е затворен, а полицијата трага по осомничениот, јавува Си-ен-ен.
Се верува дека осомничениот Кристофер Дарнел Џонс е вооружен и опасен. Полицијата ја објави неговата слика на „Твитер“.
The UVA Police Department is looking for Christopher Darnell Jones regarding the shooting incident that occurred on the grounds of the University of Virginia. Call 911 if seen, do not approach. pic.twitter.com/mKcxF6ksxw
— UVA Police Department (@UVAPolice) November 14, 2022
На повредените им била укажана лекарска помош.
Имињата на жртвите од пукањето сè уште не се објавени, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Снимен моментот кога еден од ослободените заложници од Газа се сретна со своето семејство

Израел објави трогателно видео од заложникот Бар Куперштејн, кој беше ослободен денес, како го прегрнува своето семејство првпат по две години заложништво во Газа.
Бар Куперштејн (23) работеше на фестивалот Нова пред киднапирањето и остана да им помогне на жртвите од масакрот што го изврши Хамас на 7 октомври 2023 година. Семејството немаше вести за него до април оваа година, кога се појави во видео со Максим Херкин, уште еден заложник на Хамас ослободен денес.
Сите живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени по 738 дена, објавија денес израелските медиуми, а конвои со стотици палестински затвореници почнаа да ги напуштаат израелските затвори, покажуваат телевизиските снимки.
Bar Kuperstein reunites with his family after two years in captivity. pic.twitter.com/3mr8btH9IC
— Yaakov Strasberg (@YaakovStras) October 13, 2025
Според израелските медиуми, сите ослободени заложници се во добра состојба.
По нивното ослободување подоцна ќе следи предавање на телата на преостанатите 28 починати заложници, процес што Израел не очекува да биде завршен денеска. За возврат, Израел ќе ослободи околу 2.000 палестински притвореници.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Кнесетот, израелскиот парламент во Ерусалим, каде што се очекува да одржи говор.
Обраќањето на Трамп пред израелските пратеници доаѓа во време кога Израел ги враќа последните 20 заложници земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври 2023 година, како дел од прекинот на огнот посредуван од Белата куќа.
„Ова е голема чест за мене, одличен ден, прекрасен ден. Нов почеток“, напиша тој во книгата за гости на Кнесетот.
Свет
Макрон: Мирот станува можен за Израел, за Газа и целиот регион

Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави ослободувањето на првите седум израелски заложници кои беа ослободени од Газа утрово, нагласувајќи дека со овој чин „мирот станува можен за Израел, за Газа и целиот регион“, објавува “The Times of Israel£.
Ја споделувам радоста на семејствата и израелскиот народ, напиша Макрон на социјалната мрежа Икс.
Со нивното ослободување, како и на другите заложници, мирот станува можен за Израел, Газа и целиот регион, рече Макрон, кој ќе им се придружи на светските лидери на самитот во Египет, каде што треба да се дискутира за американскиот план за завршување на војната во Газа.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Трамп во израелскиот парламент: Хамас ќе се разоружа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе се држи до планот за разоружување кога пристигна во израелскиот парламент за да одржи говор. Зборувајќи со новинарите пред почетокот на говорот, Трамп одговори со „да“ кога беше прашан дали војната е завршена.
Обраќањето на Трамп до израелските пратеници доаѓа во време кога Израел ги враќа последните 20 живи заложници земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври 2023 година, клучен чекор во завршувањето на двегодишниот конфликт во Газа како дел од договорот за примирје што го откри американскиот претседател Доналд Трамп.
"A great and beautiful day. A new beginning"
US President Donald Trump shows his written message before speaking to Israeli parliamentarians in the Knesset
Follow live: https://t.co/xMmcqmjQ1g pic.twitter.com/RyS1dEjZhm
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) October 13, 2025
„Ова е голема чест за мене, одличен ден, прекрасен ден. Нов почеток“, напиша тој во книгата за гости на Кнесетот, додека претседателот на парламентот Амир Охана и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го гледаа.
Трамп пристигна во Израел во понеделник, каде што треба да се сретне со ослободените заложници и нивните семејства. Договорот за прекин на огнот беше постигнат минатата недела во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, каде што Трамп и други светски лидери ќе се сретнат на самит.
фото: принтскрин