Македонија
Спасовски: На заедничката седница со Албанија потпишавме два акта со кои нашите две држави потврдуваат поинтензивна соработка
Денеска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со својот албански колега Бледар Чучи, на заедничката меѓувладина седница помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија потпишаа два акта со кои двете држави потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции.
„Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Албанија бележат одлична и успешна меѓусебна билатерална соработка, која е на доста високо професионално, стратешко и оперативно ниво. Во рамките на оваа наша заедничка владина седница, денес, јас како министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија предложив 2 акта за потпишување. Првиот, протокол помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи на Република Албанија за начинот на вршење или спроведување заеднички гранични проверки на заедничкиот граничен премин ЌАФАСАН/QAFË THANË. Вториот, договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за формирање заеднички работни тимови во областа на безбедноста. Овој договор е предложен во насока на унапредување на меѓусебната соработка, особено во борбата против организираниот криминал. Спроведувањето еден ваков меѓународен билатерален акт ќе придонесе кон сузбивање опасности врз безбедноста и ефективнa борба против меѓународниот организиран криминал преку безбедносното партнерство со помош на координирани активности“, изјави Спасовски.
Тој потенцира дека, дополнително, со потпишувањето на протоколот и на поговорот Република Северна Македонија и Република Албанија потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

