Спорт
Лингард решението за депресијата во Манчестер јунајтед ја барал во алкохолот

Фудбалерот од среден ред на Нотингем форест, Џеси Лингард проговори јавно за проблемите кои ги имал со менталното здравје додека бил фудбалер на Манчестер јунајтед, признавајќи дека се предавал на алкохолот и дека не му било пријатно што е фудбалер на „ѓаволите“ со огромните очекувања кои ги носи тоа.
„Разговарав со луѓе и само велев: ‘Да, океј,да’. Ништо не влијаеше на мене, влегуваше во едно уво, излегуваше од друго. Бев без чувства. Само сакав да седам дома и да пијам малку, за да ја снема болката. Вообичаено не го правм тоа. Но, кога сфатив дека пред спиење постојано пијам алкохол, знаев дека сум во лоша ситуација. Не беше драматично пиење, но пиев за да ја поминам неделата“, вели Лингард за „Гардијан“.
Лингард вели дека „дното“ било при 3:0 победата над Дерби во ФА купот во март 2020, кога беше исвиркуван од навивачите на Јунајтед. По ова,тој мораше да се грижи за своите браќа откако неговата мајка беше примена во ментална болница. Тој се заблагодари на Оле Гунар Солскјер и на докторот на Јунајтед кои му помогнале во тој момент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дуран по само шест месеци го напушти Ал Наср

Foto/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран (21) по само шест месеци си замина од Ал Наср. Во јануари Астон Вила го продаде Дуран во Ал Наср за 77 милиони евра и потенцијални бонуси.
Во клубот од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, играше со Кристијано Роналдо, но не успеа да ја освои титулата. Дуран постигна 12 гола на 18 настапи, а сега го напушта клубот и се враќа во Европа.
Иако потпиша договор до 2030 година, тој оди на позајмица во Фенербахче. Таму ќе ја преземе улогата на Един Џеко под водство на Жозе Мурињо.
Дуран се проби низ МЛС, од каде, по 27 натпревари и осум гола за Чикаго Фаер, замина за Астон Вила за нешто помалку од 18 милиони фунти. Имаше само 19 години.
Спорт
Перикар „испука“ сервис од 246 километри на час

Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната.
Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц.
Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2).
Тоа не беше доволно за Перикард, па во истиот гем „испука“ сервис од неверојатни 246,2 километри на час.
Интересно е што дури ни тоа не му беше доволно за да го освои тој поен.
Перикар беше блиску до победа над фаворизираниот Американец (четврти ноосител на турнирот), но го загуби четвртиот сет (7:6, 7:6, 4:6, 6:7) по што натпреварот беше прекинат.
Причината се строгите правила на Вимблдон дека нема игра по 23 часот.
До тој момент, тој сервираше 33 аса.
Спорт
Инзаги: Се искачивме на Монт Еверест без кислород

Симоне Инзаги, тренерот на Ал Хилал, им честиташе на своите играчи за пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Тимот од Ријад ги елиминираше „граѓаните“ во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата (4:3), со што го направи најголемото изненадување на турнирот.
„За овој резултат, клучни се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат силата на Манчестер сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме во тоа“, рече Инзаги по натпреварот.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе игра против Флуминензе, кој претходно исто така неочекувано го елиминираше Интер.