Македонија
Адеми во Прага: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да продолжи

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, денес во Прага имаше говор посветен на европската перспектива на Западен Балкан и на земјите од источното партнерство, во рамките на вториот ден од Конференцијата на комисиите за европски прашања – КОСАК.
Адеми ја нагласи важноста на процесот на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан како една од најсилната геополитичка и безбедносна алатка за зачувување на стабилноста и поттикнување на просперитетот.
Во тој контекст, рече тој, дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да продолжи во насока на одвивање на преговарачкиот процес на Северна Македонија и Албанија, потенцијален кандидатски статус на Босна и Херцеговина и на Косово, напредок во пристапните преговори на Црна Гора и Србија во ЕУ и создавање одржлив однос на западните институции со Украина, Молдавија и со Грузија. За дијалогот помеѓу Косово и Србија, рече дека треба да се постигне финален договор со меѓусебно признавање помеѓу двете земји.
Во однос на нашите евроинтегративни процеси истакна дека Северна Македонија го одбележа долгоочекуваното отворање на преговорите и дека земјата си постави цел до 2030 година да завршат преговорите за ЕУ-членство.
За руската воена агресија на Украина, Адеми рече дека претставува опасност, која може да влијае на поделба и дестабилизирање на Европа и дека е потребно да се зачувува единството на ЕУ и давање заеднички одговор. Притоа ја нагласи нашата целосна поддршка на политиката на солидарност со украинскиот народ, која ја спроведуваат земјите членки на ЕУ во однос на давањето секаква помош, како и во однос на преземените мерки на санкции кон Русија.
Во расправата беше осудена руската агресија против независна Украина, која покажа на најтрагичен начин колку е важно проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан и земјите од Централна и Источна Европа за безбедноста, мирот, единството, демократската трансформација и економскиот просперитет на целиот континент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.