Спорт
Азар откри кога ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“
Еден Азар пред почетокот на Светското првенство во интервју за „Марка“, ги откри своите планови. Азар не ја исклучи можноста да го напушти клубот, но откри дека тоа нема да се случи во зимскиот преоден рок.
„Среќен сум што играм фудбал во најдобриот тим во светот. И тоа е тоа. Не само затоа што играм за Реал Мадрид, туку затоа што играм фудбал и тоа е она што сакам да го правам во животот“, изјави Азар на почетокот на интервјуто и додаде:
„Нема да заминам во јануари бидејќи имам семејство и ми се допаѓа градот, но можно е да заминам на лето. Имам уште една година од договорот и тоа е одлука на клубот. Доколку клубот побара да заминам тогаш ќе го прифатам тоа. Но, би сакал да играм повеќе, да покажам дека можам да играм повеќе, дека сум добар играч“, додаде Белгиецот.
„Што ми недостасува за да ги претворам тие изјави во реалност? Една минута, секако. Но, има играчи кои во моментов се подобри од мене“, истакна Азар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милан од 0:2 до трофејот во Суперкупот на Италија
Фудбалерите на Милан со спектакуларен пресврт го освоија Суперкупот на Италија. Во „Дерби дела Мадонина“ во Ријад, Милан од 0:2 против интер дојде до 3.2. Милан го освои првиот Суперкуп по 2011 година и воедно ја прекина доминацијата на Интер, кој во последните три сезони го освојуваше трофејот.
Сержо Консеисао не можеше да посака подобро деби на клупата на Милан. Тимот на Милан во само седум дена под водство на Португалецот доживеа невидена трансформација.
Во полуфиналето, со пресврт славеа над Јувентус (2:1), а во финалето, предводени од Рафа Леао на теренот, го победија градскиот ривал со 3:2.
Интер водеше со 2:0 со головите на Лаутаро Мартинез во 45. и Мехди Тареми во 47.минута. Пресвртот го најави Тео Хернандез од слободен удар во 52.минута, изедначи Кристијан Пулишиќ во 80., а победата ја обезбеди Тами Ејбрахам во 93.минута.
⚽️ GOAL: What a game. AC Milan comeback with Tamy Abraham
🇮🇹 Inter 2-3 Milanpic.twitter.com/P5cpTrR1z7— Goals Xtra (@GoalsXtra) January 6, 2025
Спорт
Сферопулос доби нов договор од Црвена звезда
Грчкиот тренер Јанис Сферопулос ќе потпише нов договор со Црвена звезда.
Како што дознава сајтот „Меридијан спорт“, Гркот ќе потпише нов договор со кој ќе биде обврзан во црвено-белиот тим до 2027 година.
Сферопулос оваа сезона одлично си ја врши работата со црвено-белите, особено во Евролигата, каде Црвена звезда по 19. коло има учинок од 11 победи и осум порази и моментално е на шестото место, што директно води во плеј-офот.
Кога станува збор за АБА лигата, Гркот по нешто полошиот старт успеа да го стабилизира тимот и да влезе во победничка серија која се уште трае.
Црвено-белите сега го делат првото место со Партизан и Будуќност со идентичен скор од 13 победи и два порази.
Минатата сезона, со Сферопулос на клупата, Црвена звезда успеа да освои три трофеи во АБА лигата, Купот Радивоје Корач и првенството на Србија.
Спорт
Ферари има најдобар тандем во 2025 година
Тимот на Ферари го има најдобриот возачки тандем за претстојната сезона.
Ова е очекуваната одлука на фановите кои учествуваа во анкетата. Дури 56 отсто од нив процениле дека Луис Хамилтон, кој од оваа година ќе вози за Ферари и Шарл Леклер ќе бидат најдобриот тандем за претстојната сезона.
Второто место им припадна на Мекларен (Ландо Норис и Оскар Пјастри), додека третото место им припадна на возачите на Ред Бул, кои ќе имаат изменет состав во претстојната сезона, бидејќи Серхио Перез е заменет со Лиам Лосон.
Шампионатот во Формула 1 оваа сезона започнува на 16. март со Големата награда на Австралија.
Титулата ја брани Макс Ферстапен, кој е четирикратен светски шампион во Формула 1, додека Мекларен е актуелен шампион во конструктори.
We asked you which team has the best driver combo on the 2025 grid… introducing the top five, with a clear winner 👀
Will Ferrari's new duo deliver glory back to the Tifosi? ❤️#F1 pic.twitter.com/FQ5er0uJxf
— Formula 1 (@F1) January 6, 2025