Црна хроника
Лишен од слобода крадец во Скопје

На 15.11.2022, во 16 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода С. Л. (35) од Скопје.
Од лице вработено како обезбедување тој бил затекнат при обид со возило „киа пиканто“, со скопски регистарски ознаки, од фабрика да изнесе плочки за пруга, со вкупна тежина од речиси 400 килограми.
Плочките му биле одземени и вратени на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со секира се обидел да ја нападне сестра си: кривична против 23-годишник од Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против 23-годишниот Б.С. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неизвршување на судска одлука“.
На 10.04.2025 во Штип, пријавениот со секира оштетил врата во семејниот дом, обидувајќи се физички да ја нападне неговата сестра, а притоа постапил и спротивно на решение од Основен суд Штип.
Црна хроника
Судир меѓу „џип чироки“ и електричен тротинет: тешко повреден малолетник во Скопје

Вчера околу 18.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Петар Ичко“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Ш.Е. од Скопје и електричен тротинет, управуван од малолетник од село Страхојадица, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кривична против полицаец за кражба на струја

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово против С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а став 1 од КЗ. Имено, во временски период од 01.03.2024 година до 09.01.2025 година С.Ш. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, без согласност од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Куманово во електричното броило кое се води на А.М. од село Липково, извршил премостување на трите фази со кабли пред електричното броило директно во електричните проводници кои водат кон угостителски објект, без притоа електричната енергија да биде регистрирана од страна на електричното броило и неовластено ја користел за своите потреби, со што на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и причинил материјална штета од 398.847 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник С.Ш. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција.