Црна хроника
Расчистено насилството во Куманово, насилниците лишени од слобода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/policija.jpg)
На 15.11.2022 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, ги лишиле од слобода Р. И. (18), Ф. А. (19), А. Д. (20), К. Г. (18), А. Т. (18), А. В. (18), А. С. (20), А. Б. (23) и Л. С. (19), сите од Куманово и Кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово.
Тие се сомничат дека на 14.11.2022, на улицата Карл Маркс во Куманово, со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б. Ш. (20) од Куманово по што тој во обид да избега предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило.
По целосно документирање на случајот, против сите лица ќе следуваат соодветни пријави.
По преземените мерки, било констатирано дека станува збор за недоразбирање, без никакви меѓуетнички елементи.
СВР Куманово апелира до медиумите за професионално и точно информирање, без шпекулации за причините за инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/ulicno-kuce.jpg)
Вчера во 18.35 часот во полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека на место викано „Чатал“ во с.Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Возач со автомобил удри во велосипедист и тешко го повреди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/velosiped.jpg)
Вчера во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„531“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(56) од с.Марино, удрило во велосипед управуван од Д.Ј.(66) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кокаин, хероин и таблети најдени во Куманово, приведени се двајца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/Heroin_3165078k.jpg)
Вчера во 04.00 часот во Меморијалниот центар во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.К.(29) и А.П.(22), двајцата од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени кокаин, хероин и таблети.
Д.К. и А.П. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.