Македонија
„Никоб медикал“ со ексклузивни промотивни пакети за вашата здравствена нега – вашиот дом е наша ординација

Брзиот и динамичниот живот на луѓето денеска наметнуваат нови правила во европските и светски медицински протоколи, а предизвиците на здравствените капацитетите не секогаш се прилагодуваат на дневните активности и здравствените потреби на граѓаните.
Никоб Медикал следејќи ги светските здравствени трендови со јасна стратегија и хумана димензија ги промовира новите здравствени пакети кои се исклучиво наменети за поддршка на здравјето на граѓаните во домашни услови.
Свесни сме дека брзиот и динамичен живот може да ја запостави превентивната здравствена заштита на граѓаните која за нив подоцна може да биде кобна. А, за оние кои имаат потреба од неопходна медицинска терапија и нега, ги проектиравме најбараните здравствени пакети кои се со многу достапни цени и кои можат да бидат аплицирани и во домашни услови, бидејќи ги поседуваме најдобрите капацитети во државата составени од врвни докторски и медицински тимови, најмодерните амбулантни возила и најмодерната биохемиска молекуларно дијагностичка лабораторија Никоб Лаб која е во мрежата на ФЗО.
Дозволете вашиот дом да биде наша ординација, а грижата за Вашето и здравјето на Вашите најблиски да биде наша обврска со промотивните пакети за Специјален онколошки пакет, Медицински пакет-домашна посета, Специјален уролошки пакет и Центар за третирање на рани како и пакетите на Никоб Лаб за сите биохемиски анализи.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.