Македонија
Мицкоски од Зрновци: И покрај малкуте средства со кои располага Општината, се реализираат проектите што се ветени

Не може да се скрие задоволството кога човек е присутен онаму каде што се реализираат проекти, како што се овде денеска во Зрновци, една мала општина како што е Зрновци покажува дека и покрај скромните би рекол многу мали, минимални средства и услови со што располага самата општина успева да реализира проекти што многу значат за жителите овде во општина Зрновци и овде во Мородвис, и во Видовишта и така натаму. Значи, една многу посветена работа од страна на градоначалникот и од страна на администрацијата овде во општина Зрновци, јас само ги охрабрувам така да продолжат, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„За една година реализирани се проекти навистина многу значајни што се дел од програмата на градоначалникот што ја претстави на минатогодишните локални избори, каде што победи уште во првиот круг убедливо, се разбира, и покажуваме еден поинаков пристап на работите, што е спротивен од она што го покажува власта, многу посветена работа, многу чесна работа и работа што испорачува за разлика од тоа што го прави Владата, каде што нити некој работи, а и тоа малку што се работи изобилува со многу контраверзии, многу криминал и многу основано сомнение за корупција. Не се сите исти, различни сме и затоа на следните предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство, а мнозинство што ќе гарантира преродба на цела Македонија, без разлика дали имаме градоначалници или немаме градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ затоа што тоа е она што го очекуваат од нас граѓаните, надеж и таа надеж ВМРО-ДПМНЕ ја носи насекаде со себе“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.